Надворешна политика
Попова: Подготвени сме да и' помогнеме на Македонија, но…
Нашата позиција е јасна: поддршка, добрососедство, взаемна помош – но категорично велам, дека истото го должи и Македонија кон Бугарија, вели Маргарита Попова, потпретседател на Бугарија во интервју за Дојче Веле на македонски јазик.
Потпретседателот Попова порачува дека нејзината земја силно ја поддржува желбата на Македонија за европската интеграција и ја изрази подготвеноста на Софија да му помогне на Скопје да ги избегне бугарските грешки во пристапувањето кон Унијата.
„Но, Бугарија јасно и категорично вели: европско членство да, но кога ќе се исполнат јасно, искрено и вистински сите критериуми кои европското членство ги бара еднакво од сите кои се решиле мотивирано да тргнат по патот на европската интеграција. Тоа бугарската држава и го кажа на македонската држава – ние сме соседи, ние имаме богата историја, одамна се познаваме, треба да живееме добрососедски. Бугарија е исклучително добар сосед, никој не може да се сомнева во тоа. Но, Бугарија категорично вели дека при неисполнување на критериумите за европско членство, во кои задолжително влегува довербата, почитувањето меѓу народите, почитувањето на историјата и на денешницата, тогаш јасно и категорично ќе кажеме дека забележуваме оти има такви дефицити, доколку ги има – нека бидат надминати“, вели Попова.
„Сакаме јасен, искрен однос со лидерите во Македонија, тие да кажат, да побараат како добри соседи да живееме заедно, да се почитуваме взаемно, и кога сето тоа ќе биде видливо, тогаш ќе ја поддржиме. Ако не е така, Бугарија јасно и категорично ќе каже дека не можеме да ја поддржиме, зашто не се присутни сите тие услови кои ги бара едно добро европско семејство. Другото не е чесно кон ниту еден друг член на европското семејство, не е чесно кон бугарските граѓани, не е чесно ни кон македонските граѓани. Затоа лидерството и националните власти треба многу добро да знаат што ги очекува, како се прави тоа и како ќе продолжиме во иднина. Нашата позиција е јасна: подршка, добрососедство, взаемна помош – но категорично велам дека истото го должи и Македонија кон Бугарија“, вели Попова за Дојче Веле на македонски јазик.
Бара актуелните бугарски реакции во однос на Македонија да не се поврзуваат со македонско-грчкиот спор за името и да се толкуваат како бугарска поддршка за Грција.
„Колку побргу се откаже Македонија од тој начин на размислување, од поврзувањето на реакцијата на бугарските власти со реакцијата на грчките власти, толку подобро и толку полесно сами ќе си ги решите проблемите. Тоа се ситници и тоа се нешта кои нема да ви дозволат брзо да ги решите и да го направите возможен стартот на преговорите за европско членство, отколку ако се задлабочувате во тоа што Грција, што Бугарија, зошто сега, зошто не вчера. Губите време. Да седнеме заедно на маса, како што кажаа бугарските национални власти, да се откажеме од сите тегоби на тоталитарните режими пред 20 години, затоа што јас чувствувам остатоци, реминисценции од мислењето и од менталитетот на тоталитаризмот, кои страшно многу пречат на патот кон европско членство. Колку побргу ќе се откажете од тоа, колку побргу го промените мислењето и менталитетот, како што ние многу упорно продолжуваме веќе толку години да градиме друг менталитет и друга визија, толку полесно и толку побргу Македонија ќе биде готова, ќе стартува со преговорите, ќе стане европски член, а на тој начин ќе дадеме придонес и на Западниот Балкан, како добри соседи, за таа чудесна европска идеја за обединета Европа и за повеќе Европа. Мислам дека се’ друго е губење време и обременување со ненужни емоции. Сега е време Македонија да работи, да ги исполни критериумите во најдобри односи и со најдобри чувства кон своите соседи, кон Бугарија која ги има тие чувства и тие односи кон Македонија. Се’ друго е заблуда и губење време за Македонија“, вели бугарскиот потпретседател Попова за Дојче Веле на македонски јазик. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.