Надворешна политика
Груевски и Борисов испратија позитивна порака за надминување на стереотипите
Македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот бугрски колега Бојко Борисов, ги поздравија односите меѓу двете земји, и истакнаа силна посветеност за нивно продлабочување, унапредување и интензивирање на секое поле од взаемен интерес, и заложба за надминување на сите предизвици во духот на европските вредности, се констатира во заедничкото соопштение издадено во саботата доцна навечер, при што е договорена и заедничка седница на двете влади.
На тет-а-тет средбата меѓу Груевски и Борисов била истакната посветеноста за унапредување на политичкиот дијалог, и интензивирање на средбите на високо ниво.
„Од големо значење е испраќањето на позитивни пораки во јавноста со што се придонесува во надминувањето на стереотипите и се јакне амбиентот и духот на соработката“, се истакнува во писмената изјава од службата за односи со јавноста на македонската влада..
Премиерите на двете соседни земји, исто така, констатирале дека владите се примарно насочени кон генерирање позитивен моментум со цел европеизација и стабилизација на регионот. Добрососедството треба да се надградува и дефинира како искреност и посветеност во реализацијата на практичните дела, сметаат Груевски и Борисов. „Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат визијата за регионот, целосно интегриран во европските и евроатланските структури, а во овој процес поддршката од соседите е есенцијална“, е дел од заклучоците на состанокот што се одвиваше во зградата на Владата во Скопје.
На средбата биле опфатени темите околу постигнување на натамошен напредок во врска со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и иницијативите од заеднички интерес.
Одржување на заедничка седница на двете Влади е двостран интерес и потреба, и можност да ги постави основите и за уште посодржајна соработка во доменот на економијата, енергетиката и инфраструктурата.
Изразена била и согласноста и во тековното тромесечје и на подолг рок, да се интензивира соработката и да се зајакне меѓусебната доверба, преку реализација на практични проекти од образованието, културата, економијата, евро интеграцискиот процес, здравството, инфраструктурното поврзување, енергетиката, транспортот, животна средина.
Акцент е дадена на тоа дека нужно е потребно зголемување на економската соработка, за која било обострано констатирано дека има голем потенцијал за иден развој, зголемување на трговската размена, и динамична соработка на полето на инвестициите, при што инвеститорите од една земја се добредојдени и очекувани за инвестиции во другата земја, и обратно. Во таа насока од особено значење е почетокот на работата на Мешовитиот комитет за економска соработка.
Двете страни потврдиле дека се фокусирани на реализирање на проектите од Коридорот 8, со акцент на железничката и автопатската линија Софија – Скопје, со партнерски пристап. Од особено значење е прекуграничната соработка и ефикасно користење на европските фондови, преку реализација на повеќе практични проекти од ИПА компонента.
Отворањето на граничниот премин „Клепало” (Берово-Струмјани) , ќе придонесе кон подобрување на животниот стандард во пограничните региони од двете страни.
Двајцата премиери ја истакнаа својата иницијативност за натамошно интензивирање на соработката.
Двајцата премиери имаа тет-а-тет средба, а потоа следувше и пленарна средба на делегациите на двете земји.
Средбата беше неформална во функција на унапредување на добрососедските односи, јакнење и продлабочување на соработката меѓу двете земји, која беше најавена во саботата на пладневната редовна прес-конференција на македонската влада.
До неа дојде откако во претходниот период имаше зголемување на тензиите меѓу Скопје и Софија, при што во македонската јавност, но и во дел од бугарската се доби впечаток дека Бугарија застанува на страната на Грција во попречувањето на македонските евроатлатнтски интергатвини процеси.
Бугарскиот премиер Борисов пред доаѓањето во Скопје во изјава за бугарската телевизија „Нова“ истакна дека нема ништо тајно во посетата на Македонија, потсетувајќи оти пред неколку дека спомнал дека телефонски разговарал со Груевски и дека наскоро ќе се сретнат.
„Нема ништо тајно, едноставно доаѓам да се видиме и да поразговараме, без почести и помпезности. Да седнеме како пријатели и да поразговараме. Мислам дека тоа е добар, а не лош гест“, рече премиерот Борисов.
Инаку во вторникот, бугарскиот премиер Бојко Борисов оцени дека постои голем прогрес во преговорите за договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија.
Бугарскиот премиер дојде во Македонија во придружба на шефот на дипломатијата Николај Младенов.
Во пресрет на оваа средба, на брифингот со новинарите во четвртокот шефот на македонската дипломатија Никола Попоски нагали дека „треба да почитуваме определено правило за рамнотежа на преземени права и обврски во односите со Бугарија“, коментирајќи ги тековните разговори меѓу Скопје и Софија за постигнување на договор за добрососедство./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.