Надворешна политика
Аналитичарите во Будимпешта за Макфакс: Кредибилни избори но и доследна имплементација на политичките договори

Кредибилни избори би биле само првиот чекор за враќањето на Македонија кон европските интеграции, бидејќи пред се е потребно земјата да го сработи она што партиите го договорија во поглед на сеопфатните реформи во општеството, коментира за Макфакс данскиот аналитичар Џонатан Ото, член на данската тинк-тенк органзација „Совет за меѓународно решавање на конфликтите“.
Од Будимпешта, Бојан Стојковски
„Може да се каже дека доколку избирачкиот список е прифатен од страна на јавноста, односно постои консензус кај политичките партии, тогаш изборите би биле кредибилни, тоа беше еден од главните проблеми поради што беа одложени претходните два пати. Во неколку извештаи исто така постоеше загриженост околу транспарентноста на медиумите, каде што можат да се направат многу работи, пред сет еднаквата застапеност во медиумите. Ова беше и еден од проблемите за Европската комисија во подготовката на препораките за Македонија, односно како одредени политички актери во земјата користат одредени национални прашања за да ја промовираат својата партија, агенда и идеологија, ова беше доста тешко прашање и сметам дека треба да се направи поинаков пристап и од двете страни за да се совлада овој проблем“, вели Ото.
Според него, главен проблем во моментов претставуваат и ингеренциите на Специјалното јавно обвинителство, односно дали на оваа институција ќе и се овозможи да има пристап до соодветните податоци за таа да може соодветно да ја заврши својата работа.
„Загрижен сум за и за ингеренциите на СЈО, односно околу тоа колку оваа институција фактички може да направи и сработи, до какви податоци може да има пристап и дали тие материјали до кои има пристап би му помогнало да ја заврши својата работа“, додава тој.
Во фокусот на работата на оваа данска организација е и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, нешто за што постои огромна загриженост, пред се поради бавниот процес.
„Имплементацијата на Охридскиот рамковен договор е исто така нешто што не е на задоволително ниво, во 2001-ва имаше мировен договор но и политички договор, иако тогаш сите политички партии го поддржаа оваа, потребна е и неговата имплементација. Нашите истражувања беа фокусирани на тоа како општеството ги прифати овие промени, бидејќи многу од работите кои беа во договорот се однесуваат на нормите во едно општество и за ова понекогаш не се доволни неколку месеци или години, туку потребна е промена во менталитет. Она што сега треба да се направи е да се има политичка волја но и имплементација на овој договор пред се на локално ниво“, заклучува Ото.
Ото е учесник на конференцијата на ОБСЕ и Советот на Европа која последниве два дена се одржува во Будимпешта а на која главна теми беа дискриминацијата, нетолеранцијата и антисемитизмот на европскиот континент./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МНР ќе испрати писмо до Европскиот парламент за навредите од бугарскот европратеник

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо однесување на бугарскиот европратеник, Александар Јорданов на социјалните мрежи.
Исто така, МНР ги демантира наводите дека со Република Бугарија било договорено заедничко чествување на Гоце Делчев.
„ И покрај искажаната волја, Република Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел од нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција на Северна Македонија.
Согласно со утврдените протоколи за работа, и стандардите на ЕУ за безбедно управување со границите, дел од овие лица кои го нарушија јавниот ред и мир од поголем обем, беа приведени и изведени пред надлежен суд кој изрече соодветни мерки“ додаваат од МНР.
Од министерството велат дека на официјалната бугарска делегација предводена од вице-премиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, како искрен и последователен гест ѝ беше овозможено непречено да положи цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
МНР со жалење констатира дека радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон Македонија и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и нашата држава.
Македонија
Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се вика и презива еден од полицајците од граничниот премин „Деве Баир“ – ја нема објавата. На неговиот профил на „Фејсбук“, не може да се најде статусот на кој во црвен круг беше заокружен еден од полицајците на границата.
„Макфакс“ упати четири прашања до Стојанов кого го прашавме дали го дознал идентитетот на полицаецот, зошто му била потребна оваа информација, дали дал 200 евра за оваа информација, но и зошто го избришал статусот од социјалната мрежа „Фејсбук“. До моментот на објавување, не добивме одговор на ниту едно прашање.
Во медиумите и на социјалните мрежи, објавата на Стојанов беше протолкувана како закана за полицаецот. Имаше низа реакции во кои се бараше одговорност за барањето од Стојанов. Од бугарска страна, тој доби поддршка под објавата.
Стојанов и е познат на македонската јавноста откако не му беше дозволено во Македонија да внесе т.н. „бугарски книги“. Потоа, фондацијата со која раководи објави понуда со која дава по 30 евра на децата од Македонија за да учат бугарски јазик.
Македонија
Димитриевски: Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка

Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка. Ќе си најдете начин барем една декларација во Парламентот ќе донесете кадешто ќе го признаете Македонското малцинство“ изјави градоначалникот на Куманово, во гостувањето во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија.
Димитриевски потенцираше дека Бугарите мора да признаат еден непобитен факт, а тоа е дека Македонецот постои и не може да велат дека Македонците настанале после 46-та година.
Во емисијата, тој посочи дека во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција и за тоа постојат документи, а официјална Бугарија никогаш не излегла со став и не се извинила.