Надворешна политика
Белели: Ни судиите не може да наложат прислушување телефони на амбасадори
Дипломатите не смее да се прислушуваат и затоа амбасадорите во македонија се загрижени по информациите дека биле прислушувани, смета италијанскиот амбасадор Ернесто Белели.
Дипломатите не смее да се прислушуваат и затоа амбасадорите во македонија се загрижени по информациите дека биле прислушувани, смета италијанскиот амбасадор Ернесто Белели.
Во интервју за Радио слободна Европа Белели вели: „Па, ние разговаравме со колегите од ЕУ за таква можност, се разбира дека ние немаме никакви докази, бидејќи не сме добиле такво нешто. Но кога се сретнав неодамна со лидерот на главната опозициска партија, тој ми рече дека се прислушувани неколку амбасадори кои се акредитирани тука и неколкумина од тие кои ја напуштија земјата. Така што, ова не загрижува, бидејќи Виенската конвенција вели дека дипломатите не смее да бидат прислушувани и тоа значи дека и по налог на судиите, дипломатите не може да се прислушуваат. Телефонските разговори се наш алат за работа и да испраќаме пораки во нашите земји, така што ни судиите не може да наложат такво нешто.“
Според него, проблемот (со прислушувањето) треба да се реши во државата, процесот е во сопственост на Македонија.
„Ние можеме само да дадеме совет, ние сме подготвени и да понудиме помош, ние сме спремни да испратиме европски олеснувач, доколку е потребно, но сопствеништвото треба да биде македонско. Ние не можеме да ви кажеме што е најдоброто, ние можеме да ви кажеме дека ако сакате да бидете дел од ЕУ, треба да почитувате одредени правила и тогаш вие ќе одлучувате што ќе правите“, вели италијанскиот амбасадор Ернесто Масимо Белели во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Државата треба да делува како независно тело, а не како дел од играта, што значи дека државата, владата, судството, не треба да заземаат страна на една или друга партија, затоа што инаку ќе нема доверба, смета Белели. Јас можам да ја разберам загриженоста на опозицијата, во обид да ја врати довербата мора да делува на официјален и институционален начин. Јас мислам дека опозицијата треба да се врати во парламентот и таму да дискутира, а владата треба да гарантира транспарентност на целиот систем и независност на судството“, истакнува амбасадорот Белели./крај/рсе
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.