Надворешна политика
Бесими – Кас Грање: Македонија останува посветена на интеграциите во ЕУ и НАТО
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во вторникот оствари средба со директорот во Директоратот за проширување на Европската комисија, Александра Кас Грање, со која дискутираше за клучните приоритети на Македонија во процесот на европската интеграција, како и нејзините перспективи и реформите кои се преземаат за реализација на европската агенда.
Бесими истакна дека евроатлантската интеграција останува клучен стратешки приоритет на Македонија, а Владата и натаму продолжува да ги спроведува потребните реформи и мерки за натамошно правно и институционално приближување кон Европската унија.
На состанокот беше разговарано за остварувањата во рамките на Акцискиот план и за активностите предвидени со Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА), како и за приоритетите кои се клучни во процесот на пристапување во Европската унија, утврдени со Пристапниот дијалог на високо ниво, како што се: слободата на изразување и медиумите, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, меѓуетничките односи, реформите во јавната администрација, добрососедските односи, регионалната соработка и зголемување на економскиот раст и вработувањето.
Бесими, исто така, нагласи дека Владата, како и националните ИПА структури се посветени на подобрување на ефикасноста и ефективноста на воспоставениот децентрализиран систем за спроведување (ДИС) на ИПА. Оттука, со конкретни мерки и рокови, директно се работи на подобрување на работењето на овие структури, како и редовно следење на направениот напредок од страна на Владата на Република Македонија, рече.
Зајакнувајќи го сегашниот ДИС систем и прилагодувајќи го на новите трендови за спроведување, коишто како новина се внесуваат од 2015 година, Владата очекува директно влијание врз зголемување на апсорпцискиот капацитет за ИПА I и II, но и стабилен тек на спроведување на проектите.
Истовремено, Владата продолжува да ги дефинира областите и активностите за финансирање преку ИПА II. Имено, по официјалното одобрување на ИПА Програмата за 2014, се започна новиот циклус на програмирање на ИПА Програмата за 2015, којшто треба да се комплетира до крајот на првата половина од 2015 година.
Соговорниците ја истакнаа определбата на Македонија за членство во Европската унија и во НАТО алијансата, како и тоа дека сите субјекти треба да работат на реформите, а политичкиот дијалог да се обезбедува со конструктивен и одговорен однос во рамките на институциите што ќе биде од значење за интеграциите на Македонија.
Средбата помеѓу вицепремиерот Бесими и Кас Грање е последна средба по повод завршување на нејзиниот мандат како директор во Директоратот за проширување на Европската комисија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.