Надворешна политика
Бесими: Зачленувањето во ЕУ останува приоритет за Македонија
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими учествуваше на дводневната регионална конференција, посветена на соработка меѓу земјите и граѓанското општество во процесот на интеграција во ЕУ, која се одржа во Црна Гора, а на која покрај домаќинот Игор Лукшиќ , учествуваа и министрите задолжени за европска интеграција од Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.
За време на дискусијата , Бесими потсети дека Македонија беше првата земја од регионот која ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација и досега има добиено шест последователни препораки за отпочнување на преговорите за членство, иако сè уште нема добиено датум за преговори.Тоа имаше влијание на реформите поврзани со ЕУ, рече Бесими, особено во последните две години. Со неодамна обновениот политичкиот дијалог во земјата и покрај сите предизвици, фокусот за членство во ЕУ а со тоа и реформите во тој процес, остануваат приоритет. Состанокот за Претпристапниот дијалог на високо ниво, кој ќе продолжи идната недела во Скопје, е дополнителен сигнал за посветеноста на европската интеграција, потенцирал Бесими.
Кога зборуваме за реформите диктирани од евроинтегративниот процес, Бесими нагласи дека транспарентноста и инклузивноста на процесот е најголем императив, што подразбира вклученост и на граѓанскиот сектор како компонента од суштинско значење за современите демократски општества.
Секретаријатот за европски прашања постојано стреми кон воспоставување систем за редовни консултации со граѓанскиот сектор и заложбите во таа насока беа нотирани во последниот Извештај за напредок на Европската комисија, истакнал Бесими заклучувајќи дека најдобриот начин да се обезбеди ентузијазмот во процесот и да се стимулира спроведувањето на неопходните реформи е преку вклучување на сите заинтересирани страни во процесот.
Бесими за време на посетата оствари и билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи и европска интеграција на Црна Гора, Игор Лукшиќ. На средбата се дискутираа прашања од заеднички интерес и тековната соработка меѓу двете земји, а беа дискутирани и заклучоците од неодамнешниот Балкански Самит кој се оддржа во Виена и можноста за слични регионални иницијативи и активности во смисла на поддршка на процесот на евроинтеграции./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.