Контакт

Надворешна политика

Чешкиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек во среда треба да допатува во официјална посета на Република Македонија.

 

 

Предвидено е  чешкиот министер да се сретне со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, а ќе биде примен и од претседателот на државата, Ѓорге Иванов и од претседателот на Владата, Емил Димитриев.

Во рамките на посетата предвидено е одржување и на македонско – чешки бизнис форум и отворање на изложба под наслов „25 години од формирањето на Вишеградската група”.  /крај/мф/ап/

Македонија

Средба Спасовски – Томан

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, и новоименуваниот конзул и раководител на економскиот сектор во Амбасадата на Чешка, Давид Чернохорски.

Од страна на двајцата соговорници на средбата уште еднаш биле потврдени пријателските односи, како и континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Република Северна Македонија во повеќе сфери на општествениот живот, информираат од кабинетот на Спасовски.

Од таму додаваат дека министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговарале и за планираното испраќање нов чешки полициски контингент за поддршка на нашите полициски службеници при справувањето со миграцијата на јужната граница од нашата земја.

Прикажи повеќе...

Македонија

Исаки: Пријателството меѓу Македонија и Хрватска постојано се надградува

Објавено пред

Односите и соработката меѓу Република Северна Mакедонија и Република Хрватска се во постојана нагорна линија, истакна заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки по средбата со државниот секретар во Државниот уред за Хрватите надвор од Хрватска, Звонко Милас.

„Пријателството во последните три децении континуирано се надградува со продлабочување и зајакнување на меѓусебниот политички дијалог, економската соработка, културната, трговската и туристичка размена и соработка во многу други сфери. Не помалку значаен сврзник во нашите меѓусебни односи се и претставниците на нашата заедница во Хрватска и на хрватската во Северна Македонија, кои преку низа активности остануваат во постојан контакт со својата матичната држава, култура и јазик и паралелно даваат особен придонес во квалитетот на нашите одлични билатерални односи и соработка“, рече Исаки.

Додаде дека во заеничкиот разговор бил поздравен фактот што двете влади имаат многу позитивен однос кон прашањата за малцинствата, кои претставуваат комплексни теми.

„Малцинствата ги споделуваат истите проблеми со кои се судираат сите граѓани во една држава, почнувајќи од актуелната пандемија до социо-економските прашања, но истовремено имаат и дополнителни предизвици поврзани со зачувување на нивниот културен и национален идентитет, а пред сè заштитата на културното наследство, образование и негување на мајчиниот јазик“, предочи Исаки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи ги собра шефовите на амбасадите и конзуларните претставништва за претстојниот попис

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одржа вонреден работен состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со цел подготовка за спроведување на активностите во нивните надлежности поврзани со претстојниот попис.

На состанокот присуствуваа и директорот и заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски и Иљми Селами.

„Од 1 март започнува оваа важна статистичка операција, токму со вас како дипломати и за вашите семејства; дополнително, истата процедура ќе треба да се примени и за лицата кои престојуваат во странство по која било основа. Во следните 50 дена ова треба да претставува врвен приоритет на работата на дипломатската мрежа, со цел да им обезбедиме соодветни услови на пописните органи да ја завршат оваа обврска”, истакна Османи.

„Жалам што донесувањето на законот доцнеше од неоправдани причини, што како институции нè доведе во состојба со забрзано темпо да се подготвуваме за квалитетно да ги пресретнеме обврските, но барам од вас, и очекувам, преку вонреден капацитет од страна на дипломатската мрежа, да ги надминеме овие предизвици и да им обезбедиме поддршка на пописните органи”, посочи министерот за наворешни работи.

Според него, пописот е добар пример за да се демонстрира одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава.

За лицата кои имаат место на живеење во Република Северна Македонија, а за време на спроведувањето на пописот се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, како и членовите на нивните семејства кои со нив престојуваат во странство ќе се спроведе, пописот ќе биде во периодот од 1 март до 15 март 2021 година, додека самопопишувањето на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по  кој било основ престојуваат во странство ќе почне од 01 март и ќе трае до 21 април, 2021 година, информираат од Министерството за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион43 минути

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион1 час

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет2 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион2 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет2 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа3 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет3 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија18 часа

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија21 час

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет22 часа

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ24 часа

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија1 ден

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа1 ден

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет1 ден

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет1 ден

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет2 дена

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет2 дена

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа2 дена

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Свет2 дена

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија2 дена

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Досие