Надворешна политика
Членството на Македонија во ЕУ и НАТО ќе биде добро и за Бугарија и Албанија
Интензивирање на регионалната соработка во поглед на евро и евроатланските проблеми, но и поради решавање на сите регионални проблеми, се заклучоците од трилатералната средба која во понеделникот во Скопје се одржа меѓу министрите за надворешни работи на Македонија, Бугарија и Албанија – Никола Попоски, Даниел Митов и Дитмир Бушати во рамките на состанокот на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија.
Според домаќинот, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, идејата за ваквата средба било автохтона од страна на сите тројца, а присуството на Митов и Бушати е јасен сигнал за поддршката од страна на нивните земји кон Македонија во поглед на европските и евроатланските интеграции. Министерот Попоски, исто така, упати благодарност до министрите на двете земји за конкретната помош којашто тие и ја даваат на Македонија.
„Албанија и Бугарија донираа средства за помош на населението коешто беше зафатено од поплавите и помош кога најмногу ни требаше, и ние ова го цениме. Присуството на министрите е доволно силен и јасен сигнал за поддршката од страна на Албанија и Бугарија за членството во НАТО. Бугарија, како единствена земја членка во ЕУ од оваа трилатерала, изразува поддршка за интеграцијата на Македонија и Албанија во НАТО. Разговаравме за темите кои следат во следниот период, Виенската конференција каде што е значајно воспостувавањето на механизмот за надминување на билатерални прашања во европските интеграции, потоа дискусии за подобрување за инфраструкурата, како и за проблемот со мигрантите“, изјави Попоски.
Според шефот на бугарската дипломатија, Даниел Митов, Европската унија нема никогаш да биде комплетна без членството на земјите од регионот, а од друга страна, пак, за регионот да биде интегриран, тој мора почесто да работи заеднички. Митов, исто така, се осврна и на договорот за добрососедство за кој во моментов Скопје и Софија водат преговори, напоменувајќи дека постојат добри изгледи за позитивна завршница на овие преговори.
„Јасно е дека договорот за добрососедство е неопходен. Последната средба на работните групи беше на 30-ти јули, беа примени забелешките и на двете страни и во најскоро време се надевам дека ќе имаме финална верзија на договорот. Јасно е дека тој е дел од интеграциските процеси. Не е пријатен фактот што веќе две години се преговара за тој договор. Ние се радуваме поради тоа што Македонија е јасно ангажирана за својата евроинтеграција, а Бугарија колку што може ќе ѝ помогне во овој процес“, порача Митов.
Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, пак, порача дека за Албанија од голем интерес е демократската стабилност на нејзините соседи и дека јасната европската и евроатланска перспектива е од огромно значење за стабилноста на целиот регион.
„Нашата поддршка за интеграција на Македонија во НАТО е јасна и сметаме дека сите обиди за нејзино закочување не се во интерес за мирот и стабилноста во регионот“, изјави албанскиот министер.
Домаќинот Попоски повтори дека во Македонија често има стереотипи околу Бугарија и Албанија, најчесто поврзани со следењето на грчкиот пример во блокирањето на македонските евроинтеграции и намалување на сигурност во земјата и регионот, но дека трилатерната средба е најдобар одговор на таквите тврдења. Според Попоски, членството на Македонија во ЕУ и НАТО, освен тоа што ќе биде добро за земјата и овие органзации, ќе биде добро и за Бугарија и Албанија, а тоа убедување го делат и овие земји.
„Кај нас постојат одредени стереотипи и стравувања дека во долг временски период грчката блокада со името е инструмент за да не се зголеми сигурноста и безбедноста на регионот, туку да се намали, а тоа е докажано и во пракса. Постојат стравувања дека и Бугарија и Албанија се земји кои би можеле да придонесат за намалената сигурност во Македонија преку воведување на билатерални прашања и условувања од тој процес. Одговорот од тука е јасен, барем со тоа што бугарскиот и албанскиот министер се поканети, праќаме сигнал дека имаме одлучност да се бориме против тој тренд, договараме и да имаме и редовна сесија на ваквите средби“, додаде македонскиот министер./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.