Надворешна политика
Цветковиќ: Дел од Западот го поддржува создавањето на Голема Албанија
Директорот на српската Военобезбедносна агенција (ВБА) Петар Цветковиќ изјавил дека српските безбедносни служби уште во април ги предупредил македонските колеги дека би можело да дојде до напади во Македонија, пренесува Танјуг.
Директорот на српската Военобезбедносна агенција (ВБА) Петар Цветковиќ изјавил дека српските безбедносни служби уште во април ги предупредил македонските колеги дека би можело да дојде до напади во Македонија, пренесува Танјуг.
Албанските терористи кои го извршија нападот во Куманово веќе подолго време престојувале во тој дел на Македонија, но дека македонските колегиве верувале оти тие приказни се преувеличени, рекол Цветковиќ.
Цветковиќ за телевизијата Пинк рекол дека припаднитие на терористичките групи воглавно биле од Косово, но дека некои членови биле и од Македонија, па дури и од југот на Србија, а дека заедничката цел им било создавање на Голема Албанија.
Првиот човек на српската Военабезбедносна агенција рекол дека идеите за создавањето на Голема Албанија имаат одредена поддршка и од Западот и дека ова се гледа во однос на тоа како некои политички изјави во таа смисла не биле осудени, но и по тоа како западните медиуми известувале за терористичките напади во Куманово.
Според него, целта на терористите била со таквата акција да се одбележи и 12-ти мај, кога во 2010 година бил убиен еден од нивните лидери. Говорејќи за одлуката да се подигне нивото на борбената готовност на Војската на Србија, Цветковиќ рекол дека пред се тоа се однесува на оној дел на војската кој се наоѓа во копнената зона на безбедност и дека тоа е потребно за да зголеми претпазливоста, бидејќи постои опасност еден дел од терористите да се извлече од Куманово, со оглд на тоа дека проценката на силата на таа група не се согласува со бројот на убиените и заробените терористи.
Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ изјавил дека нема опасност за српските граѓани, дека границата кон Македонија е безбедна, но дека силите за безбедност нема да се опуштат и дека ќе се подигне на нивото на подготвеност и координација меѓу полицијата, војската и безбедносните служби.
Вељовиќ за телевизијата Пинк рекол дека Србија има доволно луѓе кои можат адекватно да одговорат на сите предизвици и дека постои одлична соработка со политичките претставници на Албанците и во Прешево и во Бујановац.
Тој додал дека од Србија во Македонија, бегајќи од судирите, досега границата ја преминале околу 450 луѓе, воглавно оние кои имаат роднини во Прешево, и дека државата е подготвена да им помогне на секој можен начин./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.