Надворешна политика
Димитриев- Заоралек: Фер и демократски избори кои ќе обезбедат стабилна влада која ќе продолжи со реформите

Потребно што побрзо надминување на актуелната политичка состојба во земјата и организирање и спроведување фер, кредибилни и демократски избори кои ќе обезбедат стабилна влада која ќе продолжи со реформите кои се значајни за натамошниот напредок, беше констатирано на средбата во средата доцна попладнето меѓу премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек.
На средбата, спроед соопштението на службата за однос на јавноста на Владата, биле поздравени одличните билатерални односи помеѓу двете земји, кои се карактеризираат со континуиран дијалог на највисоко ниво и нагорен тренд на соработка во сите сфери од взаемен интерес.
Димитриев и Заоралек ја истакнале заедничката заложба за унапредување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Соговорниците притоа ја потенцирале потребата и заложбата за интеграција на Република Македонија во Европската унија и во НАТО.
Димитриев искажал благодарност за континуираната поддршка којашто Чешката Република ја дава на Македонија во процесот на европските и евро-атлантските интеграции, посочувајќи дека и покрај специфичната политичка состојба, земјата продолжува со спроведување на владината реформска агенда за интеграциските процеси.
Соговорниците разговарале и за предизвиците во врска со менаџирањето на мигрантската криза и можностите за нивно надминување, при што ја истакнале потребата од координирани активности на меѓународната заедница особено на земјите кои се засегнати од неа. Заоралек ја посочил значајната улога на Македонија во овој процес и ја истакнал подготвеноста на Чешката Република за понатамошна соработка на ова поле.
Димитриев го запознал својот соговорник со активностите и мерките на Владата кои се во насока на организацијата на претстојните избори на 24 април, и изразил уверување дека сите институции ќе го дадат својот максимум во реализацијата на сите неопходни мерки за нивно успешно спроведување./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Спасовски – Томан

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, и новоименуваниот конзул и раководител на економскиот сектор во Амбасадата на Чешка, Давид Чернохорски.
Од страна на двајцата соговорници на средбата уште еднаш биле потврдени пријателските односи, како и континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Република Северна Македонија во повеќе сфери на општествениот живот, информираат од кабинетот на Спасовски.
Од таму додаваат дека министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговарале и за планираното испраќање нов чешки полициски контингент за поддршка на нашите полициски службеници при справувањето со миграцијата на јужната граница од нашата земја.
Македонија
Исаки: Пријателството меѓу Македонија и Хрватска постојано се надградува

Односите и соработката меѓу Република Северна Mакедонија и Република Хрватска се во постојана нагорна линија, истакна заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки по средбата со државниот секретар во Државниот уред за Хрватите надвор од Хрватска, Звонко Милас.
„Пријателството во последните три децении континуирано се надградува со продлабочување и зајакнување на меѓусебниот политички дијалог, економската соработка, културната, трговската и туристичка размена и соработка во многу други сфери. Не помалку значаен сврзник во нашите меѓусебни односи се и претставниците на нашата заедница во Хрватска и на хрватската во Северна Македонија, кои преку низа активности остануваат во постојан контакт со својата матичната држава, култура и јазик и паралелно даваат особен придонес во квалитетот на нашите одлични билатерални односи и соработка“, рече Исаки.
Додаде дека во заеничкиот разговор бил поздравен фактот што двете влади имаат многу позитивен однос кон прашањата за малцинствата, кои претставуваат комплексни теми.
„Малцинствата ги споделуваат истите проблеми со кои се судираат сите граѓани во една држава, почнувајќи од актуелната пандемија до социо-економските прашања, но истовремено имаат и дополнителни предизвици поврзани со зачувување на нивниот културен и национален идентитет, а пред сè заштитата на културното наследство, образование и негување на мајчиниот јазик“, предочи Исаки.
Македонија
Османи ги собра шефовите на амбасадите и конзуларните претставништва за претстојниот попис

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одржа вонреден работен состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва, со цел подготовка за спроведување на активностите во нивните надлежности поврзани со претстојниот попис.
На состанокот присуствуваа и директорот и заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски и Иљми Селами.
„Од 1 март започнува оваа важна статистичка операција, токму со вас како дипломати и за вашите семејства; дополнително, истата процедура ќе треба да се примени и за лицата кои престојуваат во странство по која било основа. Во следните 50 дена ова треба да претставува врвен приоритет на работата на дипломатската мрежа, со цел да им обезбедиме соодветни услови на пописните органи да ја завршат оваа обврска”, истакна Османи.
„Жалам што донесувањето на законот доцнеше од неоправдани причини, што како институции нè доведе во состојба со забрзано темпо да се подготвуваме за квалитетно да ги пресретнеме обврските, но барам од вас, и очекувам, преку вонреден капацитет од страна на дипломатската мрежа, да ги надминеме овие предизвици и да им обезбедиме поддршка на пописните органи”, посочи министерот за наворешни работи.
Според него, пописот е добар пример за да се демонстрира одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава.
За лицата кои имаат место на живеење во Република Северна Македонија, а за време на спроведувањето на пописот се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, како и членовите на нивните семејства кои со нив престојуваат во странство ќе се спроведе, пописот ќе биде во периодот од 1 март до 15 март 2021 година, додека самопопишувањето на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по кој било основ престојуваат во странство ќе почне од 01 март и ќе трае до 21 април, 2021 година, информираат од Министерството за надворешни работи.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер