Надворешна политика
ЕУ со радикален план за спречување на мигрантите: целосно затворање на македонско-грчката граница?
Лидерите на Европската унија(ЕУ) разгледуваат ‘радикален план за запирање на напливот на имигранти преку Балканот’ и целосна блокада на македонската граница со Грција, така што грчките власти ќе бидат принудени итно да поработат на заштитата на надворешните граници на Унијата, тврди во сабота британскиот весник Financial Times.
Весникот наведува дека во понеделник за тоа би можело да расправаат министрите за внатрешни работи на ЕУ и додава дека Европската комисија(ЕК) и клучно заинтересираната Германија, се подготвени да го поддржат предлогот на Словенија ситуацијата значајно да се преврти така што ќе и се помогне на владата во Скопје да ја затвори границата со Грција и така да се спречи неконтролиран прилив на имигранти.За тој словенечки предлог и замислите на две години да се стави вон сила шенгенскиот простор без граници во случај на “трајна сериозна нефункционалност“, во средата веќе разменија мислења амбасадорите на мисиите на земјите членки на ЕУ во Брисел, кои го подготвува дневниот ред на седницата на министрите за внатрешни работи на ЕУ, во понеделник во Амстердам, со клучна тема приливот на мигрантите преку ‘западнобалканската рута’.Овие тврдења се надоврзуват на вестите од Љубљана дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се наоѓа во поеста на Словенија, го поддржал предлогот на словенечкиот премиер Миро Церар, упатен до лидерите на ЕУ и лидерите на државите од западен Балкан, со “директна помош на владата во Скопје да се издејствува значително зајакнување на надзорот на границата со Грција за да се запре приливот на нелегални имигранти“.Целта на оваа мерка, како што нагласи Церар, е во рок од неколку дена да се ублажи притисокот на мигрантите на Западен Балкан.Според Церар, ваквите мерки мора да бидат во насока да се принуди Турција, согласно договорот со ЕУ, да ги затвори своите граници за и понатаму непречениот протижок на имигранти кон Европа.Повеќе европски коментатори заклучија дека затворањето на македонско-грчката граница фактички ќе ја изолира Грција од Шенген зоната, како и од останатиот дел од Унијата. /крај/мф/ст
Извор: Financial Times
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.