Надворешна политика
Годишен состанок на земјите од СЕДМ процесот во Сараево
Заменикот на началникот на Генералштабот (ЗНГШ) на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, во период од 8-ми до 10-ти јуни во Сараево учествува на годишниот состанок на замениците на началници на Генералштабови во рамките на процесот на соработка меѓу Министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ). Суштината на СЕДМ процесот е јакнење на разбирањето и политичко воената соработка во регионот со цел подобрување на стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа.
Замениците началници на СЕДМ-земјите и претставниците од меѓународните организации дискутираа за прашања од заеднички интерес, ги осудија сите терористички напади кои неодамна се случија во различни делови од светот, потенцирајќи ја потребата за организирано и обединето настапување во борбата против глобалните облици на тероризам и екстремизам, кои претставуваат заеднички закани на меѓународниот мир и безбедност. Исто така ги поздравија и напорите/придонесот на земјите кои се вклучени при справувањето со масовната емигрантска криза .
На состанокот беа разменети информации за постигнатите резултати, со посебен осврт на активностите на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) која се докажа како ефикасен механизам и платформа за соработка меѓу земјите учеснички, активно придонесувајќи во текот на сите овие години за безбедноста, соработката во рамките на СЕДМ процесот посебно во однос на вклучувањето на СЕЕБРИГ во разни активности, обука и операции.
ЗНГШ на АРМ, во своето обраќање нагласи дека Република Македонија како членка на СЕДМ процесот, е вклучена во голем број регионални иницијативи со што ја потврдува својата посветеност на градењето цврста регионална соработка давајќи го нашиот придонес кон трајна стабилност во регионот и негово целосно интегрирање во евроатланските структури.
Генералот Рацај, истакна дека сите земји од регионот на Југоисточна Европа се соочуваат со слични безбедносни предизвици и истите треба да се третираат преку заеднички и ефективни активности. Во таа насока развојот на СЕДМ Стратегискиот преглед ќе ни помогне да ги идентификуваме насоките за поефикасен начин на работа во процесот и на тој начин соодветно да одговориме на комплексноста од современите безбедносни предизвици. Исто така, нагласи дека Армијата на Република Македонија останува доследна на своите ставови по однос на учеството во СЕЕБРИГ, како силен регионален капацитет во рамките на овој процес, како и учеството во мировните операции предводени од НАТО, ЕУ или ООН.
Во склоп на состанокот генералот Рацај оствари официјални билатерални средби со ЗНГШ од Црна Гора и Босна и Херцеговина, а на маргините од состанокот размени видувања и искуства и со останатите учесници на конференцијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.