Надворешна политика
Грчкото МНР со одговор до Иванов: Не сме одговорни за вашето информирање
Грчкото министерство за надворешни работи во неделата му упати одговор на македонскиот претседател Ѓорге Иванов во однос на неговите тврдења за грчкиот весник „То Вима“ дека соработката меѓу двете страни во поглед на бегалската криза не е на задоволителното ниво.
Грчката влада не е одговорна за тоа Претседателот на ПЈРМ да биде соодветно информиран. И секако не е одговорна за неговата неинформираност во однос на односите меѓу двете држави“, се вели во реакцијата на грчкото министерство.
„На грчката јавност треба да ѝ биде јасно дека затворањето на балканскиот коридор не е на штета на Грција, туку напротив во нејзина корист. Македонија никогаш не беше дел од решението за ограничување на чие било движење и никогаш не сме поддржале исклучувања на Атина од иницијативите поврзани со мигрантската криза“, рече, пак, Иванов во интервјуто за „То Вима“.
„Грција дозволи импровизирани кампови на самата гранична линија со Република Македонија и со тоа ги охрабри мигрантите да користат илегални премини, со што директно ја загрози нашата национална безбедност. Потврда за ова е инцидентот на 14 март, кога околу 2.500 лица беа илегално уфрлени на македонска територија“, стои уште во интервју на македонскиот претседател, запрашан околу тоа како го коментира затворањето на балканскиот коридор и дали смета дека Атина требало да биде вклучена во дискусиите за изнаоѓање решение за напливот на бегалци по Балканската рута.
„Трагедијата е што ваквата практика продолжува. И покрај затворениот коридор, секоја вечер регистрираме над 100 обиди за илегален влез во Република Македонија. По сѐ изгледа дека одредени политичари во Грција не ја сфаќаат сериозноста на безбедносните ризици што со себе ги носи оваа криза. Веќе постојат индиции дека дел од уапсените и осомничените за терористичките напади ја користеле токму Балканската рута“, порача македонскиот претседател во интервјуто за грчкиот весник./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.