Надворешна политика
Груби: Со заедничка работа до решенија за конфликтите во регионот
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби во понеделникот и вторникот учествуваше на состанокот на Комитетот за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), кој се одржа во Истанбул.
На состанокот се расправаше за времената заштита на бегалците, меѓународната судска соработка за борба против организираниот криминал и, посебно, за можностите за парламентарната соработка во областа на правдата.
Поздравувајќи ја хуманоста и напорите кои ги презема земјата домаќин за заштита на бегалците од Сирија, Груби истакна дека сите земји од регионот, во минатото се сочувале со последици од воени судири во нивното соседство, притоа посочувајќи на бранот на бегалци кој ја зафати Македонија за време на косовската криза во 1999 година.
Оттаму, како лекција од минатото, потребно е сите заеднички да работиме за изнаоѓање на решенија за постоечките, но и за превенирање на потенцијалните конфликти во регионот, порачал Груби.
Со финалниот документ кој се усвои на состанокот, се повикиваат сите земји членки на ПСЈИЕ на активно учество во постоечките регионални механизми за соработка во областа на правдата и размена на искуството од областа, а на националните парламенти им се препорачува да креираат инструменти за унапредување на соработката меѓу нивните работните тела задолжени за правните и судските прашања. Исто така, се истакнува поддршка за универзитетите за создавање на регионални капацитети потребни за спроведување на законските реформим, унапредување на научното истражување, како и изготвување на заеднички публикации.
На состанокот во Истанбул учествуваа пратеници од парламентите на Албанија, Бугарија, Косово, Романија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Турција.
Во рамките на ПС на ПСЈИЕ функционираат три постојани комитети: Комитетот за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка; Комитет за економија, инфраструктура и енергија и Комитетот за социјален развој, образование, истражување и наука.
Собранието на Република Македонија е активен учесник и поддржувач на работата на Парламентарно собрание на ПСЈИЕ. Според Деловникот, една од основните цели на Парламентарното собрание е размена на искуството во областа на законодавството и хармонизација со правото на Европската унија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.