Надворешна политика
Груевски му врачи Орден на Р.Македонија на Џорџ Буш
Премиерот Никола Груевски, во сабота, на гала вечерата на организацијата „Македонија 2025“, му го врачи Орденот на Република Македонија на Џорџ Буш, 43-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.
Премиерот Груевски истакна дека заради големиот придонес на поранешниот американски претседател Буш во градењето на пријателските односи помеѓу Македонија и САД, тој го заслужува Орденот на Република Македонија кој го доделува Претседателот на Република Македонија.
„Претседателе Буш, дозволете ми во име на Владата на Република Македонија, во мое лично и во име на сите македонски граѓани да Ве поздравам и да Ви се заблагодарам за придонесот кој го имавте за стабилноста на нашата земја. Поддршката која ја дадовте за Македонија ја препознаваат и ценат денешните генерации на Македонци и истата силно ги зајакна темелите врз кои се градат односите помеѓу нашите држави. Во периодот кога бевте претседател, Република Македонија и САД потпишаа Декларација за стратегиско партнерство. Би сакал да знаете дека признавањето на Македонија под уставното име од страна на САД и личната поддршка која ја дадовте во текот на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година ќе останат врежани во македонската колективна меморија“, истакна премиерот Никола Груевски при врачувањето на Орденот на Република Македонија на 43-тиот американски претседател Џорџ Буш.
Премиерот Груевски во оваа прилика ја реафирмираше значајноста на поддршката која САД ја дава на нашата земја.
„САД претставуваат важен стратешки партнер за реализација на приоритетите од надворешната политика на Македонија. Односите на Македонија и САД се карактеризираат со отворен и континуиран дијалог, заснован на доверба и пријателство“, истакна претседателот на Владата Груевски.
Тој ја потенцираше стратешката ориентација на нашата земја за спроведување на реформи со цел интеграција во ЕУ и НАТО.
„За нашата цврста определба за интеграција во евроатланските структури говори и фактот што шест последователни години добиваме препорака од Европската Комисија за започнување на пристапните преговори за членство. Исто така, Македонија ги исполни условите за членство во НАТО за што имаме силна поддршка и од нашите американски партнери. Активно партиципираме во мировните мисии и напорите на меѓународната заедница за воспоставување и развој на демократските слободи во светот. Нашите континуирани напори за придвижување на земјата кон ЕУ и НАТО дава сигурност за странските инвеститори за обезбедување политичка стабилност, квалитет на институциите и остварување на економски развој“, додаде премиерот Груевски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.