Надворешна политика
Хан: Именувањето на специјалниот обвинител е важен чекор за процесот на нормализација
Именувањето на специјалниот обвинител е важен елемент за нормализацијата на политичката состојба во земјата, изјави еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан во четвртокот во Брисел, на ден пред неговата посета на Македонија по повод одржувањето на состанок од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).
Австрискиот еврокомесар потенцирал дека Европската комисија (ЕК) и натаму ќе ја следи состојбата во Македонија.
„Го ценам и поздравувам фактот дека под олеснување од нас, политичките партии во Македонија успеаја да постигнат краен рок за именување на Специјален обвинител и носење на закон за него. Тоа беше во пет часот утрината и дента се усвои потребната легислатива. Тоа е важен чекор и доказ дека европската заедница е блиску до развој на настаните во Македонија, а ние ќе ги следиме понатамошните чекори. Во секој случај, именувањето на обвинителите е важен елемент за нормализација на политичката ситуацијата во земјата и затоа ова е големо постигнување, јас сум среќен, но ова не е крај на приказната и земјата ќе ја „имаме на око” за тоа“, изјавил Хан.
Еврокомесарот, исто така, се осврнал и на состојбата со бегалската криза, најавувајќи дека ЕК одлучила да обезбеди финансиска помош преку Инструментот за предпристапна помош (ИПА) за Македонија во висина од 24 милиони евра. Хан додал дека Унијата не ги обвинува земјите од западен Балкан за моменталното справување со оваа криза.
„Ние не ги обвинуваме овие земји за послаба гранична контрола ако нашите земјичленки не си ја работат добро својата работа. Ние немаме интерес од дополнителна нестабилност. Политичкиот договор во Скопје гледаме дека се имплементира, а Србија прави добар прогрес на патот кон ЕУ и не смееме да ги ограничиме, туку напротив тие мора да добијат фер дел. Земјите од западен Балкан не смее да станат паркинг или ничија земја за бегалците. Тоа би било геостратешка грешка и нам ни требаат ладни глави од сите страни, а не тешка реторика. Токму затоа, за помош во миграциски акции во овие земји, со цел градење на прифатни центри и друго, Србија ќе добие 45 милиони евра, а Македонија 24 милиони евра, па ако е потребно, подготвени сме да обезбедиме дополнителни пари“, изјавил тој.
Според документите за доделени средства на ЕК за Македонија, од посочените 24 милиони евра, 12 милиони евра се веќе дадени во рамки на Инструментот за предпристапна помош (ИПА 1) за изградба на гранични полициски станици, борба против трговија со бело робје и засилување на полициските капацитети./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.