Надворешна политика
Хан: Помилувањата се контрапродуктивни за Договорот од Пржино и работата на СЈО
Договорот од Пржино останува цврста основа за излез од политичката криза во Македонија и во тој контекст помилувањата направени од страна на претседателот Ѓорге Иванов мора да се повлечат, порача во четвртокот еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан во интервју за неколку новинаридописници од балканскиот регион, пренесува МИА.
Хан изјави дека работата на Специјалното јавно обвинителство е мошне важна, па во тој контекст тој силно ја критикуваше одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да помилува голем број лица обвинители во скандалот со прислушувањето. Тој притоа го стави под знак прашалник и кредибилитетот на македонскиот претседател.
„Овој СЈО не само што постои, туку е и обврска од сите партии дека СЈО треба да работи независно и иако не е дел од договорот од Пржино, но е поврзано со улогата на СЈО, тоа е одлуката за помилување на претседателот Иванов кој помилува 54 лица. Ова е на начин што е прифатлив за нас. Кога Уставниот суд ја потврди легалноста на овој закон, имаше меѓународен притисок од нас врз Иванов да не ја користи оваа можност и со некои одложувања тој јавно рече дека нема тоа да го стори. Но, по само дветри недели тој помилува 54 лица и ова не беше придонес кон неговиот кредибилитет. Ова е негова одговорност. За нас е неодржливо да се има помилување. Во меѓувреме, Парламентот донесе закон давајќи две можности за индивидуалци да побараат да бидат одземени од листата или Иванов самиот да може да ја повлече целата листа со помилувани. Сега ќе видиме како тоа ќе се имплементира“, вели Хан.
Коментирајќи ја изјавата на Иванов кој неодамна рече дека доколку е потребни повторно би донел одлука за помилување и како во таков случај СЈО би продолжило со работа и што тогаш би превзела Унијата, Хан порачал дека „ЕУ ќе извлече заклучоци и консеквенци од сите постапки“.
„Ние не можеме со сила никого да натераме да направи нешто. Но, ќе влечеме заклучоци и консеквенци ако работите не се во линија со нашето разбирање на владеењето на правото и договорот што го направивме. Договорот од јуни и јули има точка за создавање на СЈО што ќе се справува со целиот скандал со прислушувањето. Тоа значи дека СЈО мора да може да работи. Консеквенци се дел од идните одлуки, не можам да ја предвидам реакцијата на меѓународната заедница. Но, ако помилувањето остане, ова ќе биде прекршување на договорот од јуни и јули. Сега има можност за индивидуалци да побараат повлекување од листата. Поранешниот премиер Груевски вети дека тој тоа ќе го стори. Не шпекулирам и квантификувам, ни треба акција, ова помилување не е само контрапродуктивно, туку и контра духот на договорот од јуни и јули“, рече Хан.
За тоа дали староновата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ може да работи на реформската агенда во Македонија, Хан изјавил дека „политиката на Западниот Балкан вели дека треба да се верува во ништо, односно само да се земе предвид она што е реалност“.
„Она што ние бараме сега се разултати и затоа не сакам да шпекулирам. Превземана е одлуката, а двајцата од партиските лидери, Груевски и Заев се во контакт и ова е во принцип добро. Разговараат меѓу себе и за нас единствено што се смета е дека бараме јасни резултати. Да се работи за имплементацијата на договорот од Пржино, итните реформски приоритети и СЈО да се погрижат да си ја работи својата работа“, истакна австрискиот еврокомесар./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.