Надворешна политика
Хојт Ји: Сметаме дека има доволно време за фер и слободни избори на 5-ти јуни
САД смета дека постои доволно време за организација на фер и слободни избори на 5-ти јуни, изјави во петокот американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји по средбата со техничкиот премиер за спроведувањето на изборите, Емил Димитриев.
„Минатиот април кога бев тука политичката криза беше на почеток и беше предизвик на кој соработувуваме заедно за да се постигне напредок за излез од кризата. Задоволен сум поради тоа што се случија доста позитивни чекори, како што беше Договорот од Пржино. Разговаравме за имплементацијата на договорот, а тоа ги вклучува и изборите. САД и ЕУ продолжуваат со поддршката за владата, партиите и инстуциите да можат да обезбедат изборите на 5-ти јуни да бидат слободни, фер и кредибилни. И даваме поддршка на ДИК, како и совети до институциите и владата околу тоа како гледаме на напредокот во организацијата на изборите и ќе продолжиме со тоа“, рече Ји.
Американскиот дипломат повторно ги потенцираше областите кои се надгледуваат, односно прочистувањето на избирачкиот список, реформите во медиумите, обезбедувањето на безбедна средина во која гласачите ќе можат слободно да гласаат, како и процеост на одделувањето на партијата од државата.
„Веруваме дека има време да се организираат слободни и фер избори и постојано ќе даваме наши мислења и совети околу тоа што треба да се направи. Во однос на Договорот од Пржино, тука е и Специјалното јавно обвинителство, чија работа е важна за да се затвори ова тешко поглавје од македонската политичка историја. Сметаме дека е важно сите инситуции, владата и партиите да соработуваат со СЈО, чија работа треба да биде неполитичка и независна. Од медиумите очекуваме во изборната кампања да создадат услови каде гласачите ќе имаат пристап до точни информации. Ние постојано проценуваме каква е состојбата, ова го правиме поради тоа што сме близок партнер на Македонија и сакаме да им помогнеме на влаадата ии нситуциите да ја завршат својата работа“, порача Ји.
Според него, САД препознава дека партиите прават напори за имплементација на договор и дека ја сфаќаат неговата важноста за иднината на земјата.
„Гледаме дека постојат напори да се имплементира договорот и дека партиите ја сфаќаат важноста на примената на Договорот, бидејќи не се работи само за обврските кои тие ги направија кон себе и меѓународната заедница, туку за иднината на Македонија. Само преку имплементацијата на Договорот, Македонија ќе може да го започне следното поглавје од интеграцијата во меѓународната заедница. Има доста различни погледи во поглед на имплементацијата на Договорот, но сметам дека постои посветеност од страна на партиите“, рече тој, потенцирајќи дека САД не разгледува евентуално одложување на изборите поради тоа што ова е хипотетичко прашања, а во моментот целта е да сите да работат на тоа да се обезбедат фер и слободни услови на 5-ти јуни и дека постои доволно време за тоа./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.