Надворешна политика
Иванов – Алиев: Одличните политички односи да ги материјализираме со економска соработка
Одличните политички односи треба да се материјализираат со економска соработка, е заклучокот од средбата во Баку која во вторникот ја остварија македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговиот колега од Азербејџан, Илхам Алиев.
Двајцата претседатели разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, оценувајќи дека на 20-годишнината од нивното воспоставување се базираат на меѓусебно разбирање, пријателство и заеднички интерес за нивно натамошно проширување и продлабочување.
Заемна констатација беше дека одличните политички односи треба да се материјализираат со економска соработка и јакнење на трговската размена меѓу двете земји, како и иницирање на директни азербејџански инвестиции во македонското стопанство.
Во таа насока претседателот Алиев ја прифати поканата од претседателот Иванов за официјална посета на Македонија во наредниот период, а договорено беше надлежните институции како и бизнис заедниците на двете земји да ги продолжат и да ги интензивираат контактите.
Азербејџанскиот претседател го информираше Иванов за енергетските и гасоводни проекти, кои се во фаза на реализација и кои се планирани во Каспискиот регион (Тап и Танап), и притоа беше договорено во најскоро време да отпочнат консултации на таа тема. На средбата беше разговарано и за можни инвестиции во земјоделството и инфраструктурата, и за натамошна соработка на мултилатерален план, а беа разменети информации и за актуелните состојби во регионот на Југоисточна Европа и на Каспискиот регион.
Алијев упати честитка за реформите и резултатите кои Македонија ги постигнува во економијата и бизнис климата. Претседателот Иванов ја прифати поканата од претседателот Алијев за учество на отворањето на Европските игри во Баку во 2015-та година.
Во рамки на работната посета на Азербејџан, претседателот Иванов се обрати на отворањето на 3-от Глобален форум во Баку, упатувајќи ја пораката дека последиците од одлагањето на проширувањето ги трпи целиот Балкан.
Говорејќи за политиката на проширување на Европската унија, македонскиот претседател констатираше дека наместо влез на целиот Балкан во ЕУ, што беше ветување на самитот во Солун пред една деценија, има стагнација во проширувањето.
„Веќе десет години Република Македонија се наоѓа во чекалната на Европската унија, не затоа што не ги исполнува условите за почеток на преговорите, туку поради блокадите на јужниот сосед“, рече претседателот Иванов во обраќањето.
„Но, Македонија не е единствената што ги трпи последиците од одлагањето на проширувањето. Косово се соочува со масовни миграции, додека Босна и Херцеговина со нестабилност“, додаде претседателот Иванов.
Според македонскиот претседател, европската политика кон соседството е сериозно разнишана.
„Наместо очекувањата дека Источното партнерство ќе им помогне на партнерите да достигнат просперитет и да се приближат кон европските стандарди, денес имаме нов вооружен конфликт во Европа и состојба што нè потсетува на Студената војна. Наместо зацртаните цели на Евромедитеранската унија за Медитеранот како простор на мир, демократија, соработка и просперитет, се случи Арапската пролет што ја втурна Северна Африка во нестабилност. Јасно ни е дека Европската унија сè уште го бара своето вистинско место во меѓународниот поредок. Поради бавниот процес на носење одлуки и недостатокот од кохерентност, заедничката надворешна и безбедносна политика сè уште не го положи тестот на времето“, рече Иванов.
„Одлагајќи го проширувањето, Европската унија како да ни ја одлага надежта. Одлагајќи ни ја надежта, Унијата нè демотивира и создава фрустрации во македонското општество, нестабилност во политичкиот живот и тензичност во меѓуетничките односи. Како резултат на сето тоа, сега сме блокирани и поради последиците од наметнатата блокада“, потенцираше македонскиот претседател.
Осврнувајќи се на глобалните закани, економската криза и демографските предизвици со коишто се соочува унијата, претседателот Иванов порача дека македонскиот модел на интеграција може да послужи како пример за ЕУ.
„Секоја европска држава сè повеќе ќе биде мултиетничка, мултијазична и мултирелигиска. Затоа, неопходен е одржлив модел на интегрирање на бројните имигранти. Можеби, во сегашноста на мултиетничка, мултијазична и мултирелигиска Македонија се наѕира иднината на Европа“, рече претседателот Иванов на отворањето на 3-от Глобален форум во Баку.
Во фокусот на 3-от Глобален форум во Баку, што е во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, Мадридскиот клуб и Азербејџанскиот државен комитет за работа со дијаспора е градењето доверба во новиот светски поредок. Најавено е учество на над 100 претставници од околу 60 земји во светот и десетици меѓународни организации, како и голем број поранешни претседатели и премиери од целиот свет./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.