Надворешна политика
Иванов и Коѕиас го поздравија позитивниот континуитет во односите меѓу Македонија и Грција
Македонскиот Претседател Ѓорги Иванов и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, кој пррстојуваше во четвртокот во еднодневна посета на Македонија изразија задоволство од континуираниот позитивен развој на односите и подобрувањето на севкупната атмосфера меѓу двете земји.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Грција.
Претседателот Иванов ја поздрави и ја истакна важноста на посетата на министерот Коѕиас на Македонија, како продолжение на дијалогот на министерско ниво од минатата година во Скопје и Атина, и во тој контекст, го повтори интересот на Република Македонија за одржување на политичкиот дијалог меѓу двете земји на високо ниво.
„Изминатиот период имав можност во повеќе наврати да разговарам со премиерот Алексис Ципрас за прашања и предизвици од исклучителна важност за двете земји. Очекувам таа позитивна динамика на контакти и комуникација на сите нивоа да продолжи и да се продлабочи во наредниов период, како билатерално, така и во рамките на регионалната соработка”, истакна претседателот Иванов, нагласувајќи го интересот за размена на посети на претседателско ниво во блиска иднина.
Претседателот Иванов ја посочи важноста на започнатиот дијалог меѓу двете земји во однос на мерките за градење на доверба и го истакна интересот на Република Македонија за интензивирање на соработката во таа насока, со цел да се создаде позитивна клима во односите меѓу двете земји која ќе придонесе за надминување на билатералната разлика околу името.
На средбата претседателот Иванов ја истакна посветеноста на Република Македонија за унапредување на добрососедските односи со Република Грција, во духот на европските вредности и стандарди.
„Верувам дека заемната доверба може да биде зајакната преку одржување на отворен дијалог и реализација на иницијативите за соработка во сите области од заеднички интерес. Двете соседни земји имаат едно отворено прашање, а илјадници области каде имаат заеднички интерес, но и сериозни предизвици како мигрантската криза, безбедноста, кои не упатуваат на тесна соработка. Прашањето за името не смее да биде пречка да остваруваме максимална соработка во сите области од заемен интерес. Понекогаш времето носи решенија“, истакна претседателот Иванов на средбата.
Претседателот Иванов и министерот Коѕиас изразија задоволство од континуираниот позитивен развој на односите и подобрувањето на севкупната атмосфера меѓу двете земји.
„Имаме интензивна комуникација. Имаме големи заеднички интереси и за нас од посебно значење е стабилноста и просперитетот на нашиот сосед“, рече министерот Коѕиас на средбата.
Претседателот Иванов искажа задоволство што по средбите со премиерот Алексис Ципрас евидентно е подобрувањето на комуникацијата меѓу безбедносните служби.
„Подготвени сме веднаш да учествуваме во заеднички тимови на сите нивоа со цел справување со заканите”, рече претседателот Иванов.
Македонскиот претседател ги поздрави напорите и фокусираноста на министрите, и апелираше за забрзување на процесот на имплементација на мерките за градење доверба, и внесување на нови содржини во билатералната соработка. Како посебно значајни ги издвои интересот за продлабочување на економската соработка и усогласување на правна рамка, во интерес на бизнис заедниците од двете земји, потребата за натамошно инфраструктурно поврзување меѓу двете земји, преку ревитализација на железничката мрежа и отворање на нови гранични премини./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.