Надворешна политика
Иванов: Македонија има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци

Македонија има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци, изјави претседателот Ѓорге Иванов, во интервјуто дадено во понеделник вечер за телевизијата Сител.
„Имаме капацитет за 1.500 лица на влезот во државата во Гевгелија, и за 500 лица на излезот на државата на северната граница. Тоа е за привремен престој сè додека не го продолжат својот пат“, рече Иванов.
Според него, не станува збор за кампови, туку за привремени прифатни центри.
Тој додаде дека сите трошоци за мигрантите досега се од буџетски средства и оти само 90 илјади евра биле стигнати од Европската унија.
„Потрошени се пет милиони евра, без да се пресметаат здравствените и социјалните услуги, како и услугите на хуманитарните организации“, рече Иванов. /крај/си/ст
Извор: Сител
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Спасовски – Галовеј: Северна Македонија стекнa имиџ на сериозна земја во борбата против миграцијата

Успешната соработка во однос на борбата против илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво беше во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, која се одржа денеска во просториите на МВР.
Притоа било истакнато дека Северна Македонија, кога станува збор за борбата против илегалната миграција, преставува одличен пример како се стекнува имиџ на сериозна земја.
На средбата, меѓу другото, се разговарало и за важноста од забрзување на процесите за исполнување на НАТО-стандардите во институциите во земјава, информираат од МВР.
Двете страни во текот на разговорите ги потврдиле своите заложби за уште поинтензивна соработка во иднина на сите полиња за одржување на безбедноста.
Македонија
Османи: Грција е еден од главните лобисти за процесот на евроинтеграција

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на официјалната посета на Грција се сретна со претседателката Катерина Сакеларопулу, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и алтернативниот министер за европски прашања, Милтијадис Варвициотис.
Како што информираат од ресорното министерство, разговорите биле насочени кон динамизирање на севкупните односи меѓу двете земји преку посветена имплементација на преспанскиот договор со цел развивање и зајакнување на заедничкото партнерство.
„Само со заеднички напори можеме стратешкото партнерство да го претвориме во долгорочно и стабилно пријателство, што како земји соседи со сигурност ќе донесе подобар живот за граѓаните на двете земји. Во регионот добивме нова реалност, докажавме дека сите предизвици може ефикасно да се решат преку заеднички и координирани напори. Оттука, јас цврсто верувам дека соработката меѓу Северна Македонија и Грција е дефинитивно нова интегративна моќ за целиот регион“, истакнал Османи.
На средбите бил нагласен и досегашниот активен ангажман на Грција во делот на европските интеграции на Северна Македонија, при што било потенцирано дека земјата остануваа наш доследен поддржувач, еден од главните лобисти и промотори во процесот.
„Не смее да биде загрозена европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Сите мора да вложиме во развојот на добрососедските односи, да ја засилиме регионалната соработка и да ја зачуваме европската иднина на регионот. Само преку рушење на стереотипите од минатото и создавање стабилни пријателства ќе обезбедиме просперитетна иднина за нашите граѓани“, заклучил Османи.
Македонија
Османи заминува во Грција на средби со државниот врв

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе оствари работна посета на Грција, на покана на својот домаќин, грчкиот министер за надворешни работи, Николаос Дендиас.
На средбата меѓу двајцата министри ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа).
Од Министерството за надворешни работи информираат дека предвидено е и потпишување на неколку меѓународни документи, со кои дополнително ќе се збогати договорната рамка меѓу двете држави.
На агендата на министерот во рамките на посетата на Грција е предвидена и средба и со претседателката Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за европски прашања, Милтијадис Варвициотис.
Во рамките на средбите ќе бидат отворени темите за унапредување на економско-трговската соработка меѓу двете земји, стратешките проекти за поврзување со гас и со гориво, како и учеството на Република Северна Македонија во гасниот терминал „Александрополис“ во Грција.
Предвидено е да се разговара и за политичките актуелности во регионот и регионалната соработка, особено за неговата европска и евро-атлантска перспектива, и поддршката што Грција ѝ ја дава на Северна Македонија во тој контекст.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира