Надворешна политика
Иванов: На ЕУ ѝ се потребни стабилни и безбедни трети земји
Потребен ни е заеднички пристап за справување со мигрантската криза и намалување на безбедносните ризици преку јасно разграничување меѓу правниот и хуманитарниот, политичкиот, економскиот, социјалниот и безбедносниот аспект на кризата“, порача во понеделникот македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето на Состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации за големи движења на бегалци и мигранти.
Потребен ни е заеднички пристап за справување со мигрантската криза и намалување на безбедносните ризици преку јасно разграничување меѓу правниот и хуманитарниот, политичкиот, економскиот, социјалниот и безбедносниот аспект на кризата“, порача во понеделникот македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето на Состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации за големи движења на бегалци и мигранти.
Иванов притоа нагласи дека уште од почетокот на мигрантската криза, Македонија имала проактивен и превентивен пристап во менаџирањето на мигрантската криза, и потсети дека таа беше првата држава во Европа која прогласи кризна состојба и ја испрати армијата на државната граница со цел заштита на границата и насочување на движењето на мигрантите. „Ја презедовме одговорноста да бидеме чувар на портите на Европа. Распоредувањето на Армијата за поддршка на полицијата во заштита на границата резултира со затнување на движењето на илегалната миграција низ ткн Балканскиот коридор“, потенцираше македонскиот претседател, дополнувајќи дека ни е потребна ревизија на законите за учеството на Армијата во заштита на границите, домашната безбедност и контратероризмот“. Но, од друга страна, рече Иванов, иако се докажавме како стабилни партнери, нашата држава е сеуште без пристап до базите на податоци на ЕУ за внес и споредба на податоци на мигранти и странски терористички борци, со недостиг на разузнавачка соработка за размена на податоци, и под негативна медиумска перцепција за спроведување на одлуките на самата Унијата. „Сакам да упатам порака до Европската Унија: На Македонија и е потребна помош за да ви помогне Вам. Вие не можете да ги заштитите вашите надворешни граници ако прво не ги обезбедите коридорите долж државите кои се надвор од ЕУ. Македонија ќе делува во насока на заштита на националната безбедност. Какво било решение кое вклучува прием и сместување на мигранти и отворање на бегалски кампови во земји кои не се членки на ЕУ нема да биде одржливо и не смее да биде дозволено“, нагласи Иванов. Според него, предивиците на безбедноста на ЕУ се повеќе зависат од лидерството, политичката стабилност и кризниот менаџмент на владите на трети земји кои се главните точки за излез и влез на коридорите. „Заканата од илегална миграција е совршена алатка за не-воен притисок во менаџирањето со конфликти и кризи. Тоа се прави преку „извезување“ и насочување на мигрантите по патот до крајната дестинација. Тоа доведе до сериозни тензии меѓу Европските држави“. Затоа, нагласи Иванов, на ЕУ и се потребни стабилни и безбедни трети земји кои се на географска позиција да ги контролираат портите и да ги заштитат коридорите“. „Следните предизвици со коишто ќе се соочиме се во Мегаполисите и нивната различност. Толеранцијата на различноста мора да се замени со почит на различноста,“ заклучи македонскиот претседател во своето обраќање на Состанокот на високо ниво на Генералното собрание на ОН за големи движења на бегалци и мигранти. Состанокот се состои од пленарна дебата и 6 тркалезни маси. Претседателот Иванов се обрати на тема: „Меѓународна акција и соработка за бегалците и мигрантите и прашања поврзани со раселувањето: идни мерки“, на која учестуваа и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Полска, Анджеј Дуда, претседателот на Украина, Петро Порошенко, претседателот на Аргентина, Маурисио Макри, претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, понатаму премиерите на Британија, на Австралија и на Норвешка, Тереза Меј, Малком Трнбул и Ерна Солберг, кралот на Шпанија Филипе VI како и други шефови на држави и влади. На отворањето на Состанокот, генералниот секретар Бан Ки-Мун потпиша договор меѓу Обединетите Нации и Меѓународната организација за миграција.
На Состанокот на високо ниво на Генералното собрание на ОН за големи движења на бегалци и мигранти на која покрај шефовите на држави и влади, учествуваат и министри, претставници на ОН, на граѓанското општество, приватниот сектор, меѓународните организации, академските институции, но и пошироко, предвидено е да се усвојат Нацрт декларација /завршен документ, Сеопфатна рамка за одговор на бегалците и нацрт на Глобалниот договор за безбедна, уредба и редовна миграција. Целта на лидерскиот самит е да се помогне на меѓународната заедница да даде подобар одговор на кризата и да се даде основа за зајакната колективна акција.
На овој состанок учествуваа и две невладини организации од Македонија, „Бизнис конфедерација на Македонија“ и „Асоцијација за акција против насилство и трговија со луѓе“.
Со Состанокот на високо ниво на Генералното собрание на ОН за големи движења на бегалци и мигранти, започна учеството на претседателот Иванов на 71-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Македонскиот претседател денеска е предвидено да оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, како и со други со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.