Надворешна политика
Иванов на конгресот на Паневропската унија
Претседателот Ѓорге Иванов, од 8 до 10 октомври, ќе престојува во работна посета на Австрија, по повод учеството на конгресот на Паневропската унија, што се одржува во Виена.
Во рамки на учеството на конгресот на Паневропската унија, претседателот Иванов ќе има свое обраќање на панелот посветен на проширувањето на Европската Унија. Конгресот во организација на Меѓународната Паневропска унија, е по повод 90 годишниот јубилеј од првиот Паневропски конгрес одржан во 1926 година. Меѓународната Паневропска унија се смета за најстаро европско обединувачко движење, основано од страна на Ричард Куденхове Калерги, а нејзините членови се залагаат за политички и економски обединета Европа. Во турбулентен период кога Македонија беше меѓународно оспорувана, блокирана и потиснувана, меѓународната Паневропска унија стана наш неуморен застапник во Европа. Вториот претседател на Паневропската унија, Ото фон Хабсбург рече дека „Европа нема да биде целосна без Македонија во неа“. Благодарение на неговите ангажмани Република Македонија стана полноправна членка на Паневропската унија.
Во 2010 година, претседателот Иванов го одликуваше Ото фон Хабсбург со Орден за заслуги за Македонија за неговите заложби за евроинтеграција на нашата земја. Претседателот Иванов традиционално учествува на конгресите на Паневропската унија. На конгресот во 2011 година во Линдау, истакна дека Македонија и македонските граѓани, имаат цврста волја, преку членството во Европската унија, да придонесат кон градењето, чувањето и унапредувањето на нашиот заеднички духовен и културен дом Европа.
На конгресот во 2012 година во Виена, подвлече дека единствената граница која сè уште ја дели Европа, поминува точно низ Балканот, и дека ние во регионот се надеваме дека оваа граница наскоро ќе исчезне. Актуелниот потпретседател на Паневропската унија, Карл фон Хабсбург е член на Советот за меѓународни односи на Претседателот Иванов. За својот придонес и активна улога во рамки на Паневропската унија, претседателот Иванов во 2013 година беше одликуван со благодарница од страна на претседателот на Меѓународната Паневропска унија, Ален Тереноар. Паневропската унија преку својата парламентарна група во Европскиот парламент, која брои над 120 пратеници од речиси сите земји-членки на ЕУ, доследно се залага за промоција на политиката на проширување и исполнување на европските интеграции на Република Македонија. Во рамки на работната посета на Република Австрија, претседателот Иванов ќе оствари средба со поранешниот претседател на Република Австрија, Ханјц Фишер./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.