Надворешна политика
Иванов на Светскиот хуманитарен самит: Време е декларативноста да ја преточиме во акција
Со овој самит сe подига свесноста на земјите за поголемо внимание кон оние коишто имаат потреба од хуманост. Сведоци сме како милион мигранти, економски и политички бегалци од конфликтите, но и од она што се случува со климатските промени, поминаа преку нашата држава. Затоа е потребна промена на пристапот за справување со овие предизвици, порача македонскиот претседате Ѓорге Иванов во изјавата за МРТВ на првиот Светски хуманитарен самит во организација на Обединетите нации, кој се одржа изминатите два дена во Истанбул.
Со овој самит сe подига свесноста на земјите за поголемо внимание кон оние коишто имаат потреба од хуманост. Сведоци сме како милион мигранти, економски и политички бегалци од конфликтите, но и од она што се случува со климатските промени, поминаа преку нашата држава. Затоа е потребна промена на пристапот за справување со овие предизвици, порача македонскиот претседате Ѓорге Иванов во изјавата за МРТВ на првиот Светски хуманитарен самит во организација на Обединетите нации, кој се одржа изминатите два дена во Истанбул.
„Да не се занимаваме секогаш со последиците туку да се превенира, односно кога се откриваат причините за ваквите појави, превентивно да се делува. Македонија е позитивен пример со превентивната дипломатија што постоеше кај нас, и таа е успешна приказна на ОН“, рече Иванов
Според него бројни кризи добија на интензитет и притоа создадоа многу последици, како еколошки проблеми и неуспешни мировни справувања сo кризни жаришта.
„Затоа е време за акција и промена на односот на членките на ОН. Обединети Нации да не приоѓаат декларативно, односно да нема еуфорија само додека траат самитите и само тогаш да зборуваат за тоа што им е потребно на сите тие луѓе,“ рече претседателот Иванов.
Македонскиот претседател нагласи дека и во минатото имало многу ветувања, но ние како земја како Македонија, имаме многу негативно искуство од таквите ветувања од различни донаторски конференции и од разни фондови, кои како што оцени, се отвораат кога е актуелно некое прашање, а потоа со текот на времето ги забораваат. Претседателот Иванов додаде дека истото се случило кај нас со бегалската криза во 1999 тата, кога од донаторска конференција Македонија не добила речиси ништо. Па и сега нагласи шефот на македонската држава, сите тие суми што спомнуваат дека Македонија ги добива, ги добиваат хуманитарни организации, не ги добива државата.
„Ова мора на некој начин да се промени, не може некој да профитира од маките и страдањата на поединци кои имаат неопходна потреба од достоинствен живот“, додаде Иванов.
Голем број луѓе, истакна македонскиот претседател, ја губат територијата на своите држави со климатските промени. Другите се соочуваат со епидемии, третите со воени конфликти или со пропаднати држави.
„Сето тоа ја подигнува свеста за хуманиот пристап на човековата цивилизација. Но не само државите, туку секој од нас треба да ја разбуди хуманоста во себе за да може да им помогне на сите луѓе кои имаат потреба од тоа“, истакна претседателот Иванов.
Во рамки на Светскиот хуманитарен самит, вчера, македонскиот претседател имаше свое обраќање на пленарната сесија на тема „Политичкото лидерство во превенирање и решавање конфликти” и учествуваше на лидерскиот сегмент, заедно со останатите шефови на држави и влади. Тој оствари и билатерални средби со турскиот претседател Репеп Таип Ердоган и со премиерите на Грција и на Словенија, Алексис Ципрас и Миро Церар
На самитот учествуваа околу 5.000 учесници, вклучувајќи шефови на држави и влади од шеесетина земји, лидери од кризните региони, раководни лица на меѓународните организации, претставници на приватниот бизнис сектор, како и преставници од граѓанскиот сектор./крај/мф/аак
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.