Надворешна политика
Иванов: Неопходен е нов пристап за превенција и решавање на кризите
Неопходен е континуиран ангажман во мировните процеси, што ќе овозможи трајно решавање на конфликтите. Република Македонија е подготвена да биде вклучени во процесите на градењето мир во светот, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на отворањето на Светскиот хуманитарен самит, кој се одржува во понеделник во Истанбул, во организација на Обединетите Нации.
„Агендата за хуманост има за цел ставање крај на страдањата со кои се соочуваат милиони. Република Македонија силно ја поддржува оваа агенда и повикува на храбро политичко лидерство“, порача македонскиот претседател.
Иванов истакна дека конфликтите кои се шират и продлабочуваат побргу отколку што се решаваат и отстрануваат.
„Имаме најчесто задоцнета дијагноза, со реактивни, наместо превентивни мерки, со краткорочни и болни одлуки, наместо долгорочни и побезболни решенија“. Поради ова, порача шефот на државата, потребен е нов пристап кон превенцијата и мировните решенија.
„Неопходно е навремено, кохерентно и одлучно политичко лидерство што ќе се бави со причините, наместо со последиците на кризите“, истакна Иванов во обраќањето.
На обраќањето на лидерскиот сегмент во своето обраќање претседателот Иванов ја поздрави одлуката на Обединетите Нации го свика Светскиот хуманитарен самит и Турција да биде домаќин на истиот. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија, како земја-кандидат за членство во Европската Унија, се приклучува кон изјавата и позициите на ЕУ, според кои, потребно е изнаоѓање на политички решенија за актуелните конфликти, справување со драматичното непочитување на меѓународното хуманитарно право, формирање на донаторски фонд за помагање на погодените од конфликтите, како и искористување на овие фондови порационално.
На Светскиот хуманитарен самит кој за прв пат се одржува денеска и утре во Истанбул, учествуваат околу 5000 учесници, вклучувајќи шефови на држави и влади од педесетина земји, лидери од кризните региони, раководни лица на меѓународните организации, претставници на приватниот бизнис сектор, како и преставници од граѓанскиот сектор. Меѓу учесниците на самитот се Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, германскиот канцелар Ангела Меркел, претседателите на Турција, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Украина, Реџеп Таип Ердоган, Колинда Грабар Китаровиќ, Бујар Нишани, Филип Вујановиќ, Петро Порошенко, претседавачот со босанското претседателство, Бакир Изетбеговиќ, како и премиерите на Грција, Бугарија, Холандија, Словачка, Словенија, Полска, Алексис Ципрас, Бојко Борисов, Марк Руте, Андреј Киска, Миро Церар, Беата Шидло.
Учесниците на Самитот ќе се заложат за преземање иницијативи и акции во насока на поддршка на „Агендата на хуманост“, а со цел да се овозможи полесно справување и надминување на кризните состојби во светот.
Покрај со домаќинот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, претседателот Иванов за време на самитот ќе оствари формални и неформални средби со повеќе лидери, а ќе се обрати и на пленарната сесија на самитот.
На Специјалната сесија посветена на жените и децата во регионите зафатени со криза, во рамки на Светскиот хуманитарен самит, ќе учествува и сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.