Надворешна политика
Иванов – Плевнелиев: Македонија и Бугарија очекуваат период на напредок во сите сфери
Бугарија е подготвена во секој момент за излезе со поддршка за Македонија во евро и евроатланските интеграции, а двете земји остануваат соседи и народи кои делат еден ист простор и се соочуваат со исти предизвици, констатирале претседателите на Македонија и Бугарија, Ѓорге Иванов и Росен Плевнелиев по средбата во Софија.
Бугарија е подготвена во секој момент за излезе со поддршка за Македонија во евро и евроатланските интеграции, а двете земји остануваат соседи и народи кои делат еден ист простор и се соочуваат со исти предизвици, констатирале претседателите на Македонија и Бугарија, Ѓорге Иванов и Росен Плевнелиев по средбата во Софија.
„Имавме одлична средба со претседателот Плевнелиев во конструктивен дух, со многу начини како да дојдеме до решение за прашања како што е договорот за добрососедство кој се уште, за жал не е затворен. Затоа заземавме став да се вклучат министерствата, па дури и министрите директно за конечно таа работа да се затвори која на некој начин е препрека и за другите иницијативи кои ги имаме меѓу нашите две земји. Бугарија е подготвена во секој момент да излезе со поддршка за Македонија и во НАТО и во европските интеграции. Затоа што заеднички констатирвме дека може на се да влијаеме, но не и на географијата. Ние сме биле и остануваме соседи, народи кои живеат и делат еден ист простор кој се соочува со исти предизвици, особено сега со бегалската криза која го оптоварува целиот регион“, изјави претседателот Иванов по средбата.
Иванов додал дека она што го слушнал од страна на својот бугарски колега Плевнелиев е охбравачко, и дека многу од идеите и иницијативите кои биле изложени се прифатливи , со што сега двете земји ги очекува еден период во кој може навистина да има прогрес во сите сфери.
Во однос на спогодбата за добрососедски односи претседателот Иванов истакна дека очекува да се интензивираат разговорите по локалните избори во Бугарија кои се закажани за 25 октомври.
„Претстојат локални избори во Бугарија. Веројатно тоа ќе се случи по изборите. Изборите се време на кампањи, на различни интерпретации. Веројатно тоа што го очекуваме би требало да се случи по завршувањето на локалните избори во Бугарија кога работните групи, но и самите министерства ќе ја интензивираат соработката. Напредок има, но станува збор за разлики по основ на нијанси во формулациите“,изјави Иванов.
Бугарскиот претседател Плевнлиев пак додал дека Бугарија сака искрено да биде двигател на македонските евроинтеграции.
„Бугарија сака искрено и е подготвена да биде двигател на европската интеграција на Македонија. Напредокот на секоја држава од Балканот во овој процес ќе биде успех и за целиот регион“, рекол Плевнелиев, додавајќи дека сепак бугарската поддршка не е безусловна и дека двостраниот договор за добрососедство треба да биде потпишан што поскоро, а тоа ќе им даде импулс на односите меѓу двете земји и ќе го забрза процесот на македонските евроинтеграции./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.