Надворешна политика
Иванов: Предвремените избори ќе бидат излез од кризата само доколку се деблокираат интеграциите
Предвремените парламентарни избори ќе бидат излез од кризата, но само доколку по изборите се деблокираат интеграциите на Република Македонија, порача претседателот Ѓорге Иванов, во обраќањето на свечениот прием за учесниците на 15. Есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржа во Музејот на македонската борба.
Според македонскиот претседател, блокадата на европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија стана една од главните причини за постојаната политичка криза што, како што рече Иванов, кулминираше оваа година и со тоа, последиците од блокадите станаа причини за нови блокади.
„Верувам дека предвремените парламентарни избори ќе бидат излез од кризата, но само доколку по изборите се деблокираат интеграциите. Само со отворање на европските перспективи за македонските граѓани ќе се излезе од маѓепсаниот круг на политички кризи и недоверба“, рече претседателот Иванов.
На ОБСЕ, како што рече претседателот Иванов, му беа потребни речиси четири долги години за да ја прифати реалноста на македонската државност и позитивно да одговори на нашето барање за членство. Иако бевме неправедно блокирани, нагласи македонскиот претседател, ние не се откажавме од ОБСЕ бидејќи длабоко верувавме во исправноста на принципите на демократијата, човековите права и слободи, правото на човечко достоинство, почитувањето на меѓународното право, владеењето на правото како услов за добро владеење.
„Не се откажавме, бидејќи верувавме во ОБСЕ. Таа наша доверба и истрајност се исплатеше. Влогот и ангажманот на ОБСЕ во Македонија беше значаен. Ни помогна да достигнеме многу европски стандарди, критериуми и вредности. Благодарение на сето тоа, од корисник на услугите, денес, мојата држава е активен придонесувач во целите на Организацијата. И преку македонскиот модел на соживот и почитување на различноста, и преку добрососедските односи“, рече претседателот Иванов на собирот.
Говорејќи за улогата на ОБСЕ во справувањето со современите предизивици, претседателот Иванов порача дека државите-членки треба да придонесат за трансформација на организацијата.
„Мора да му помогнеме на ОБСЕ да го пронајде своето вистинско место во суровиот 21 век. Неопходно е ОБСЕ да се приспособи на промените за да може да се соочи со предизвиците. Тоа ќе го постигне со помалку декларативност, а со повеќе конкретни иницијативи и решенија втемелени врз реалните потреби на граѓаните на нашите држави. А тоа се потреби за слобода, демократија и економски развој. Но, за да го обезбедиме тоа, неопходни ни се безбедност и соработка“, рече претседателот Иванов.
15. Есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, се одржува од 29 септември до 2 октомври во Скопје.Станува збор за најголемиот меѓународен парламентарен настан организиран во историјата на Република Македонија, со учество на делегации од 51 земја членка во ОБСЕ, 370 пријавени учесници, од кои 220 пратеници. Оваа година темата на парламентарната конференција е „Зајакнување на мерките за градење доверба и добро управување во регионот на ОБСЕ“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.