Контакт

Надворешна политика

Иванов со амбасадорите на САД, ЕУ и НАТО за членството на Македонија во евроатлантските структури и за ’Монструм’

Објавено пред

Мислења и информации околу состојбите и очекувањата во врска со членството на Македонија во ЕУ и НАТО, добрососедските односи и регионалните прашања, како и за актуелните внатрешно политички случувања во државата беа разменети на средбата во текот на средбата на Претседателот Ѓорге Иванов со амбасадорот на САД, Пол Волерс, шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав, како и Мариан Берц, заменичка-шеф на Мисијата на ОБСЕ и претставникот на Канцеларијата за врски на НАТО, потполковник Маријан Ивануша.

Претседателот Иванов,на средбата во резиденцијата на Водно истакна дека Република Македонија „високо го цени партнерството и пријателството кои во континуитет се развиваат со САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО“ и изрази благодарност до соговорниците за нивниот ангажман и „придонес во унапредувањето на односите и интензивирањето на соработката“.Македонскиот претседател, потенцирајќи го почитувањето на меѓународните договори и спроведувањето на меѓународните обврски, порача дека е потребно надминување на статус кво состојбата на евроатланските интеграциите на Република Македонија, час поскоро, со што би се придонело кон надминување на предизвиците во државата и регионот.На средбата беа разменети мислења во однос на последните настани поврзани со протестите поради случајот „Монструм“, при што соговорниците се согласија дека протести се дозволени секаде, меѓутоа насилството не може да се толерира, известуваат од кабинетот на Иванов.„Заклучија дека секој меѓуетнички инцидент или обид за поттикнување нетолеранција претставува можност за политизирање или искористување на ситуацијата за лична или политичка корист. Исто така, беше констатирано дека настаните што се случија се и можност за отворен дијалог и зацврстување на односите меѓу граѓаните од различна етничка и религиозна припадност“, се додава во соопштението.Соговорниците, исто така, ги поздравиле преземените напори на претседателот Иванов во насока за надминување на предизвиците произлезени од актуелните внатрешно политички случувања во земјата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров: За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

„За нас Македонците, македонскиот јазик е затворено прашање, и дома и во светот. Секое пријателство, за да биде вистинско, и европските интеграции, за да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување”, рече Димитров.

На иницијатива на МАНУ и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, деновиве од печат излегоа делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во којашто што е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“ кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите, но вистинскиот противник е корупцијата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на Конференцијата на ОБСЕ на високо ниво посветена на темата „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера“, во организација на албанското претседавање со Постојаниот совет на ОБСЕ, која се одржува онлајн на 6 и 7 јули.

„Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но, вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички – корупцијата – и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето“, истака Димиров.

Во присуство на министри и други високи претставници на земјите учеснички на ОБСЕ министерот ја реафирмира определбата на Владата за борбата против корупцијата како клучна за враќањето на довербата на јавноста во правната држава и демократијата. Притоа, истакнувајќи ги постигнувањата во изминатиот период, посебен акцент стави на воспоставување на порталот „Отворени финансии“, кој овозможува увид во над 17 милијарди финансиски трансакции на буџетските корисници на централно и локално ниво укажувајќи на одличен пример како дигиталната технологија може да придонесе кон зголемување на транспарентноста, интегритетот и доброто владеење.

Конференцијата, посветена на оваа многу значајна тема за сите земји учеснички во ОБСЕ, ја отворија актуелниот претседавач, претседателот на владата и МНР на Албанија, Еди Рама, генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, и министерката за правда на Република Албанија, Етилда Ѓонај. Министерот Никола Димитров се обрати на панелот на високо ниво, на кој говореа и МНР на извршниот директор на Канцеларијата на ОБСЕ за дроги и криминал (UNODC), г-ѓа Гхада Фати Валу, МНР на Обединетото Кралство, како и други министри за надворешни и за правда.

Прикажи повеќе...

Македонија

Секоја година во чест на договорот со Грција во Преспа ќе се одржува меѓународен форум

Објавено пред

Министрите Едмонд Адеми и Никола Димитров денеска го претставија проектот ЕУ за Преспа, финансиран од ЕУ, како и „Преспа форумот за дијалог“.

„Во септември минатата година, Владата формираше работна група за поддршка на Преспанскиот регион, а честа да ја водам групата ми припадна мене“, нагласи министерот без ресор задолжен за дијаспора, Адеми, кој додаде дека вкупната сума на проектот е 18 милиони евра и средствата ќе бидат обезбедени од ИПА фондовите за 2021 година.

Објасни дека целта на проектот е да му понуди на регионот долгорочна и одржлива економска перспектива, а со тоа и задржување на младите во самиот регион.

Адеми исто така го претстави „Преспа форумот за дијалог“ и рече дека тојсе појавува како резултат на подобрениот меѓународен имиџ на државата, по потпишаниот Преспански договор и одблокираниот евро-атлантски процес.

„Планот ни е, традиционално, секој 17 јуни, кога е потпишан е Преспанскиот договор, да организираме меѓународен форум за дијалог и соработка, на кој би поканиле што поголем број на светски и регионални државници и јавни личности. За тоа, следните месеци, по изборите, ќе ги дефинираме деталите, согласно претходната одлука на Владата”, рече Адеми.

Министерот за надворешни работи, Димитров нагласи дека планирано е „Преспа форумот за дијалог“ да биде сместен во мултимедијалниот центар, кој ќе биде изграден како дел од проектот ЕУ за Преспа.

Визуелниот изглед на центарот беше претставен од архитектот Ивана Белчева.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 час

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија2 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија2 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет3 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија3 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет5 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион6 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија6 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет7 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет7 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија18 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија18 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет19 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион21 час

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија23 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија1 ден

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија1 ден

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија1 ден

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 ден

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Досие