Надворешна политика
Иванов: Сребреница е опомена за севкупната човекова цивилизација
Сребреница е опомена за сите нас но и за севкупната човекова цивилизација, на што се се подготвени оние што се полни со омраза и нетрпеливост, изјави претседателот Ѓорге Иванов, кој во саботата присуствуваше комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница.
Од меморијалниот центар Поточари, претседателот Ѓорге Иванов побара на Република Македонија и на земјите од регионот да им се овозможи европска перспектива, со цел мир и стабилност. „Ова е можност за порака и до сите одговорни во Европската унија што значи кога на еден народ, на една држава, и ја ускратувате нејзината иднина. Неопходно е сите членки на унијата од нашиот регион да бидат солидарни и на сите ние што не сме дел од Европската унија да им ја овозможат европската перспектива, пред се за идните поколенија да живеат во мир и слога. Видовме омразата и нетрпеливоста до што води. Тоа е и пораката до секој од нас – да се праша што правиме ние за да се спречуваат вакви злостортва, кои веќе гледаме дека ги има и во други делови од светот“, попрача Иванов. Македонскиот претседател присуствуваше на главната комеморација во меморијалниот центар во Поточари, каде што се обратија претседателот на Словенија Борут Пахор, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, претседателот на организацискиот одбор „11 јули 1995“ и градоначалник на Сребреница Ќамил Дураковиќ, како и други официјални претставници, а беше претставенa и изложбата „Сребреница – Поточари 1995 – 2015“.
На комеморацијата во Сребреница присуствуваа преку 90 делегации од целиот свет. Меѓу нив беа и претседателите на Хрватска, Словенија и Црна Гора, Колинда Грабар Ќитаровиќ, Борут Пахор и Филип Вујановиќ, премиерите на Србија и на Турција, Александар Вучиќ и Ахмет Давутоглу, американскиот помошник државен секретар, Викторија Нуланд, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, како и голем број други делегации и политички претставници од светот.
Претседателот Иванов, пред пет години, присуствуваше на одбележувањето на 15-годишнината од Сребреница./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.