Надворешна политика
Јолевски: Членството на Македонија и Црна Гора во НАТО ќе го зацврсти мирот во регионот
Министерот за одбрана Зоран Јолевски во сабота во рамките на вториот ден на Глобалниот форум во Вроцлав, Полска, оствари значајни одвоени средби со американскиот генерал Џејмс Џоунс и со Стивен Хедли, советници за национална безбедност на претседателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот совет на САД.
На средбите министерот Јолевски ја истакнал потребата Република Македонија да ја оствари зацртаната цел, членството во Алијансата. Со, зачленувањето на Македонија и на Црна Гора, како и со поместување на процесот за членство за Босна и Херцеговина, НАТО ќе влијае на унапредување и зацврстување на мирот и безбедноста во Југоисточна Европа, истакнал министерот.
Јолевски посочил дека НАТО и Македонија ги споделуваат истите вредности. „Македонија ги исполни сите критериуми уште во 2008 година и се однесува како де факто членка на Алијансата. Пример за ова е учеството во повеќе досегашни мисии, меѓу кои и „Слобода за Ирак“, ИСАФ и „Одлучна поддршка“, која трае во моментов, како и логистичката поддршка КФОР Мисијата. Соговорниците дадоа целосна поддршка за прием на Македонија во Алијансата, а генералот Џонс, инаку поранешен Командант на Американската команда за Европа, се задржа и на професионалноста на македонските војници и старешини, како и нивните способности и капацитети“, соопштуваат од Министерството за одбрна.
Во петокот попладне, министерот Јолевски оствари и средба со сенаторката Џеан Шахен, копретседател на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат. Притоа беа раменети мислења за глобалните геополитички состојби, кризата во Украина, заканите по светскиот мир кои доаѓаат од кофликтот во Сирија и Ирак. Воедно се разговараше за состојбите во нашиот регион, аспирациите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. /крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.