Надворешна политика
Јолевски: Македонија останува посветена на членството во НАТО и ЕУ
Членството во НАТО-Алијансата и во Европската унија останува наш стратешки приоритет, имајќи ги предвид геополитичките промени на глобални рамки, интегративните процеси во евроатлантските структури позитивно влијаат на мирот, соработката, безбедноста и економскиот и демократскиот развој на државите, порача министерот за одбрана Зоран Јолевски во своето обраќање на „Future Forces Forum 2016“ кој се одржува во среда во Прага.
Јолевски посочи дека реформските процеси во одбраната и другите области продолжуваат, бидејќи тие првенствено се добри за нас, нашите граѓани, а потоа и за процесот на евроатлантска интеграција. Во тој контекст, министерот се заблагодари за отворената и принципиелна поддршка за членство во НАТО, од страна на домаќинот, Република Чешка.
„Динамичниот развој на меѓународната безбедносна сцена бара континуирано следење и прилагодување кон безбедносните закани и ризици. Република Македонија припаѓа на Евроатлантскиот регион и нејзината безбедност е неделива од безбедноста на регионот и пошироко“, посочи министерот.
Тој додаде дека се светот се соочува со повеќе предизвици, ризици и закани, меѓу кои ги спомена тероризмот, транснационалниот организиран криминал, хибридната војна, илегалната миграција и други. Во контекст на миграцијата, министерот посочи дека поради својата географска положба Македонија минатата година се најде во комплицирана ситуација со секојдневниот наплив на мигранти.
„Актуелната мигрантска криза претставува феномен незабележан во поновата историја, феномен кој ги надминува националните граници и бара глобален и регионален координиран ангажман“, рече министерот на Форумот.
Воедно, на маргините на форумот, министерот оствари и неколку билатерални средби меѓу кои и со началникот на Генералштабот на чешките вооружени сили, генералот Јосеф Бечвар, како и со генералот Петр Павел, претседавач на Воениот комитет на НАТО.
На средбата со генералот Бечвар, министерот Јолевски изрази задоволство од нивото на соработка помеѓу двете армии. „Ние соработуваме за повеќе прашања од областа на одбраната, особено справувањето со мигрантската криза, размената на информации за актуелната безбедносна состојба, како и во областа на военото образование“, рече министерот и додаде дека таа соработка ќе продолжи и ќе се интензивира во иднина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.