Надворешна политика
Јолевски на форумот во Халифакс, главни теми – мигрантската криза и војната против IS
– Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски на маргините од Форумот Халифакс 2015 со канадскиот колега Харјит Синг Сајан
Македонскиот министер за одбрана на Зоран Јолевски има забележително активно учество на меѓународниот безбедносен форум Халифакс 2015, остварувајќи повеќе билатерални средби и разговори со колеги од САД и Европа.
Македонскиот министер за одбрана на Зоран Јолевски има забележително активно учество на меѓународниот безбедносен форум Халифакс 2015, остварувајќи повеќе билатерални средби и разговори со колеги од САД и Европа.
На маргините на Форумот, министерот Јолевски оствари повеќе кратки средби и билатерални состаноци со Министрите за национална одбрана на Канада и Литванија, Харјит Синг Сајан и Лоузас Олекас, заменик секретарот за одбрана на САД, Роберт Ворк, министрите за одбрана на Албанија и Холандија, Мими Кодели и Жанин Енис Пласшерт, Ралф Брауксиепе, парламентарен државен секретар на Федералното министерство за одбрана, и повеќе дипломатски претставници од Европа и САД.
Последните безбедносни случувања во Европа и Африка, мигрантската криза и војната против Исламската држава (IS) се главни теми на панелите на Форумот на кој учествуваат голем број високи државни претставници, дипломати, сенатори, експерти, членови на парламенти, уредници на медиумски куќи, претставници на тинк тенк заедницата, од повеќе од 60 земји.
На средбите Јолевски се осврна на актуелните безбедносни предизвици во регионот и пошироко и во тој контекст ја истакна потребата од скоро евроатлантско интегрирање на регионот. Кризата со мигрантите е заеднички предизвик на Европа ѝ наметнува потреба од поголема соработка и координација во сите аспекти по ова прашање. Неодамнешните настани ја наметнуваат неопходноста од поддршка, обединување и кохерентност, не само во ЕУ, туку и пошироко.
Потенцираше дека соработката во областа на одбраната со НАТО земјите е на потребно ниво, Република Македонија е земја која е силен контрибутор во глобалниот мир и безбедност и заслужува место во колективните системи за безбедност.
Заедничко на соговорниците на Јолевски од средбите беше истакнувањето на загриженоста во однос на мигрантската криза, и согласувањето за потребата од заедништво и засилена соработка. Ја истакнаа поддршката за евроатлантска интеграција на регионот и се заблагодарија за постојаноста и придонесот на Република Македонија во мировните операции. Меѓународниот безбедносниот форум Халифакс 2015 е реномиран форум кој се одржува еднаш годишно и e посветен на глобалните безбедносни прашања. Форумот Халифакс е независна непрофитна организација со седиште во Вашингтон, и се одржува во соработка со Канадскиот приватниот сектор и Канадската влада.
На годинашниот Форум дискусиите беа во насока на наоѓање одговор на актуелните безбедносни прашања, кои ги опфаќаа и научените лекции од досегашните мисии во Ирак и Авганистан, потоа беа разменети мислења помеѓу сите учесници како од политичката фела така и од претставниците на медиумите во насока на наоѓање соодветен одговор за решавање на кризата во Сирија, мигрантската криза, вклучувајки ги и економските мигранти, која сериозно и се заканува на Европа, борбата против тероризмот.
Притоа беше истакнато дека потребно е да се подготват нови стратегии и заеднички да се делува против новиот начин на тероризам. Особено внимание да се посвети на социјалните медиуми кои веќе покажаа дека најголемата регрутација на борците доаѓа токму од тука. Беше заклучено, исто така, и дека само заедничко делување ќе донесе успех против ова зло на актуелниот момент./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.