Надворешна политика
Јолевски на самитот во Велс со бројни колеги разговараше за идната улога на Македонија во мисиите на НАТО
На маргините на вториот ден од самитот на НАТО во Кардиф, македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски оствари средби со заменик помошник на секретарот за одбрана за Русија, Украина и Евроазија, Евелин Фаркаш и со заменик помошникот на секретарот за одбрана за Европска и НАТО политика, Џејмс Таунсенд.
На средбите беше разговарано за идните чекори на НАТО, за состанокот на ниво за министри за одбрана и новата платформа за интероперабилност, новата мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан и идниот придонес на Република Македонија.
Воедно се разговараше за престојниот SEEDM состанок кој ќе се одржи во Будва на кој главна тема е регионалната соработка на полето на одбраната на земјите од Југоисточна Европа. Во оваа прилика, министерот Јолевски разговараше за програмите за соработка меѓу двете земји при што стана збор и иницијатива за интероперабилноста на НАТО, во која ќе се влкучи и АРМ. Во текот на петокот министерот Јолевски оствари билатерални средби со колегите, министри за одбрана од Латвија, Естонија и Турција, Рајмондс Вејонис, Свен Миксер и Исмет Јилмаз.Образованието и размената на искуства е клучен фактор за натамошен придонес, не само во одбраната туку и за развој на нови пријателства и приближување на народите, беше пораката која ја споделија министрите за одбрана на Латвија, Естонија и Турција на средбите со министерот Јолевски. Воедно се разгледа можноста за размена на питомци, професори и споделување на искуства меѓу академиите. Со естонскиот министер за одбрана, се разменија мислења за идните чекори на соработка во областа за кибернетичката безбедност. Во тој контекст, од страна на министерот Јолевски беше искажано задоволство од досегашната обука за цивилниот и воениот персонал од министерството и АРМ во институциите за едукација и тренинг во овие земји. На средбата со турскиот министер за одбрана, Јилмаз, двајцата министри ја оценија соработката во областа на одбраната како одлична и искажаа подготвеност за нејзино натамошно унапредување. Министерот Јилмаз, истакна дека Македонија е вистински пример за мултиетничка, мултикултурна демократија и дека местото и е меѓу земјите членки на НАТО.Министерот Јолевски упати покана до естонскиот и латвискиот колега за посета на Македонија, а истовремено доби покана од турскиот колега Јилмаз./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.