Надворешна политика
Јолевски во Чешка: Македонија е подготвена веднаш да биде дел од НАТО
Република Македонија ги има исполнето сите услови и критериуми за влез во НАТО-алијансата, чии вредности целосно ги споделуваме и негуваме, а припадниците на Армијата на Република Македонија повеќе од 13 години даваат несебичен и исклучително значаен придонес во процесот на воспоставување мир, стабилност и демократија во глобални рамки, истакна министерот за одбрана на Зоран Јолевски за време Меѓународниот безбедносен и одбранбен саем во Брно.
Јолевски на саемот во Брно оствари кратки одвоени средби со министерот за одбрана на Чешка, Мартин Стропницки и на Словачка Мартин Глвач. На одвоените средби на маргините на настанот, Јолевски посочи дека блиските односи на Македонија со земјите-партнери, меѓу кои и Чешка и Словачка, се од приоритетно и стратешко значење, особено од аспект на заслуженото приклучување на Република Македонија во рамките на евроатлантските структури.
„Нашите држави и министерства соработуваат на највисоко ниво“, посочи министерот Јолевски. Министрите Стропницки и Глвач ја потврдија целосната поддршка на Чешка и на Словачка за полноправно членство на Македонија во НАТО. Тие истакнаа дека нашата држава преку континуираните одбранбени реформи, како и придонесот кон мисиите за воспоставување на мир, безбедност и стабилност, предводени од НАТО се несомнен пример дека Македонија ги цени вредностите на современото општество, како и вредностите на Алијансата.
Воедно, во рамки на посетата на Чешка, Јолевски оствари средба и со претседателот на Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност во Чешкиот Сенат, Франтишек Бублан. На средбата, Јолевски укажа на значајната улога која законодавното тело ја има во областа на одбраната и безбедноста и на потребата од блиски контакти помеѓу Комисијата и Министерството, но и помеѓу Комисиите за одбрана во законодавните домови на партнерските земји.
Претседателот на Комисијата, Бублан, се заблагодари за средбата и изрази задоволство од нивото на развој на односите помеѓу двете земји. „Македонија направи има целосна и недвосмислена поддршка во пристапувањето кон Северноатлантската Алијанса“, истакна Бублан.
Посетата на Чешка министерот Јолевски ќе ја искористи и за средба со заменик-министерот за одбрана на Чешката Република, Даниел Костовал. На средбата министерот ќе ја изрази потребата од интензивни контакти и соработка помеѓу двете земји, укажувајќи на капацитетите и способностите кои ги поседува Република Македонија во областа на одбраната и безбедноста./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.