Надворешна политика
Јолевски: Земјите од САД-Јадранската повелба силно го поддржуваат членството на Македонија во НАТО

Министерот за одбрана Зоран Јолевски изрази задоволство од усвојувањето на Заедничката изјава на министрите за одбрана од САД – Јадранската повелба во која се истакнува дека силно ја поддржуваат Република Македонија за што побрзо добивање на покана за полноправно членство во НАТО, воедно ја реафирмираа нивната безрезервна поддршка на евроатлантската интеграција на Македонија и нагласија дека интеграцијата на Македонија е од витален интерес за безбедноста и стабилноста на регионот.
Јолевски посочи дека Македонија, како еден од основачите на оваа иницијатива високо ја вреднува улогата на А-5 како катализатор на одбранбената соработка во регионот. Македонија покажа дека придонесува за регионалната одбранбена соработка, со тоа што е домаќин на Балканските медицински наменски сили, а од 2020-та ќе биде домаќин на Бригадата за Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ. А5-земјите меѓусобно се поддржуваат во евроатланстките интеграции. Исто така даваат заеднички придонес кон НАТО мисијата „Одлучна поддршка“.
Во однос на соработката, министерот посочи дека Македонија продолжува да биде заинтересирана во регионални проекти во духот на „паметната одбрана“, како развојот на регионални капацитети, тренинг – центри, заедничко одржување на комплексни одбранбени системи и слично.
„Регионалниот пристап кон регионалните предизвици е пристап од кој земјите членки на оваа иницијатива имале и ќе имаат корист. Меѓусебната поддршка и блиската соработка ќе ни помогне во одржувањето на мирот, безбедноста и стабилноста во овој регион“, заклучи Јолевски на состанокот.
На маргините на состанокот, Јолевски оствари и неколку билатерални средби, меѓу кои со министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ и со заменик-помошникот на Секретарот за одбрана на САД, Мајкл Карпентер. На средбите беше реафирмирана одличната соработка со овие две пријателски земји, а воедно и беше дадена целосна поддршка на Република Македонија за полноправно членство во НАТО-алијансата.
Република Македонија, идната 2017-та година го презема претседателствувањето со САД-Јадранската повелба, при што во нашата земја ќе се организираат и министерскиот состанок, како и состанокот на началници на Генералштаб на армиите на земјите-членки. Воедно, идната година во Македонија ќе се реализира и здружената вежба „Joint Reaction-17”, со што ќе се влијае на интероперативноста на армиите на земјите од групата А-5. САД-Јадранската повелба, во формат А-3 беше основана во 2003-та година од Македонија, Хрватска, Албанија и САД. Во 2009-та година кон Повелбата се приклучија и Црна Гора и Босна и Херцеговина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од денеска многу полесно до работа во Германија: Може да заминат стручните, но и нивните семејства и родителите

Во Германија од денеска постепено почнува да се применува новиот Закон за квалификувана имиграција, јави ДПА. Како што од поодамна предупредуваат германските политичари и економски експерти, на земјата итно ѝ треба професионална работна сила. Очекувањата се дека дупките во пазарот на трудот ќе се пополнат со работници од странство.
Измените на Законот за квалификувана имиграција кои беа донесени претходно годинава ќе се спроведуваат во три постепени фази со цел властите навремено да се престројат на новите услови.
На порталот на сојузната влада за стручна работна сила од странство можат да се добијат поопширни информации на германски, англиски, шпански и француски јазик.
Од овој момент многу академци и луѓе со споредливи квалификации од трети земји ќе може со Сината карта ЕУ да доаѓаат во Германија – без проверка на приоритет, односно дали би биле достапни Германци или граѓани на ЕУ за истата позиција, како и без докажување на познавања на јазикот.
Секој кој ги исполнува сите предуслови како стручна сила со професионално искуство или универзитетска диплома, сега има право на добивање дозвола за престој, нешто за што до сега властите имаа дискреционо право за одлучување. Исто така, повеќе нема да има ограничувањето на дејност во струката. Тоа би знаело дека еден квалификуван работник во една струка би можел да најде работа во Германија во друга струка. Од ова исклучок се само професиите поврзани со медицината, правото и педагогијата.
Олеснувања во наоѓање работа преку добивање дозвола од Сојузната агенција за вработување ќе има и за професионалните возачи, а се укинува проверката за приоритетни кандидати и предусловите за познавање на јазикот.
Другите измени ќе стапат на сила на 1 март вгодина.
Дополнително е регулирано привлекувањето на работна сила од Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија за кои неограничено важи т.н. „Правило за Западен Балкан”. Од јуни 2024 година годишниот контингент се удвојува на 50 илјади лица годишно.
Германија имаше Закон за квалификувана имиграција уште вo март 2020, со кој тогашната влада на Ангела Меркел сакаше да го олесни пристапот на квалификувани работници од земји надвор од Европската унија до германскиот пазар на труд. Сега тој закон е реформиран бидејќи на многу места сè уште има недостиг од кадри, особено квалификувани работници. Законот во претходната верзија не ги постигнал очекуваните резултати поради пандемијата е проценката на властите.
Она што е ново во новиот закон е воведувањето на таканаречената „Карта за шанса“, која е базирана на бодови. Критериумите за избор на имигранти кои сакаат да работат и ја избираат оваа опција се јазични вештини, работно искуство, возраст и поврзаност со Германија.
Странските стручни работници во иднина мора да заработуваат најмалку 43 800 евра бруто годишно, сума која досега изнесуваше 58 400 евра. Предноста на новиот закон за висококвалификувани професионалци од земји надвор од ЕУ е што во иднина со себе ќе можат да ги носат не само сопружниците и децата, туку и родителите.
Предуслов, сепак, е да имаат обезбедено средства за живот оти во Германија нема да можат да живеат од социјална помош.
Германските компании во моментов не можат да пополнат околу 1,73 милиони работни места.
Македонија
Заедничка интерпарламентарна средба на Комисиите за европски прашања и надворешни работи во Приштина

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, во состав, Арбер Адеми, претседател,Фаница Николовска,член и замениците членови Бети Рабаџиевска Наумовска, Абдула Салиу и Игор Здравковски учествуваа на заедничка интерпарламентарна средба на комисиите за европски прашања и надворешни работи на парламентите на Албанија,Босна и Херцеговина,Бугарија, Северна Македонија,Косово и Хрватска,што се оддржа во Приштина, Косово.
На форумот,кој го отвори г-ѓа Арбереше Криезиу-Хисени, претседателка на Комисијата за надворешни работи и дијаспора,поздравни говори имаа г-ѓа Саранда Богујевци, прв потпретседател на Собранието на Косово, како и г. Бесник Бислими, прв вицепремиер за евроинтеграции, развој и дијалог и г-ѓа Доника Гервала Шварц, втор вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора во Владата на Република Косово.Во нивните излагања, беше истакнато дека овој форум претставува стратешка платформа за суштински дијалог за нашиот заеднички пат кон европската интеграција и во насока на взаемна соработка и поддршка и споделување на позитивните искуства и практики.
Адеми во своето обраќање во сесијата посветена на Движење во процесот на евроинтеграција: предизвици, можности и стратегии за соработка,ја поздрави иницијативата за регионално обединување и разменување искуства и практики во врска со евроинтегративните процеси,која ќе придонесе за позитивни резултати во смисла на нивно унапредување и пристигнување до крајната заедничка цел, а тоа е членството во ЕУ.Притоа, истакна дека, Северна Македонија во континуитет одржува позитивен тренд на соработка и интензивна, билатерална комуникација,на највисоко ниво со сите земји од ЗБ. Нашиот стратешки интерес е во насока на градење, збогатување и одржување на стабилни и просперитетни добрососедски билатерални односи, во сите области од вземен интерес,и во таа насока, надминување на отворените прашања.
Адеми истакна дека треба да се искористи позитивниот моментум во ЕУ за процесот на проширување, кој реално добива на забрзување заради гео-политичките околности и дека Северна Македонија не смее да заостане на својот пат кон ЕУ, поради условот кој ни е поставен во Преговарачката рамка, а тоа е измената на Уставот на земјата, со цел Бугарската заедница да се внесе во Уставот.Изрази надеж дека процедурата која е отпочната успешно ќе заврши и земјата ќе ги почне преговорите и ќе го отвори кластерот „Темели“.
Во дискусиите,соговорниците ги разменија своите мислења и ставови за досегашните искуства во поглед на евроинтегративните процеси, при што истакнаа дека ЕУ процесот мора да има предвидливост,со цел да биде успешен.Заедничка беше констатацијата дека регионот нема друга алтернатива, и дека земјите од ЗБ својата иднина ја гледаат во Унијата. Поради тоа, беше искажана подготвеност земјите да ги исполнат европските реформи, усогласување на националното со европското законодавство,согласно Копенхагенските критериуми, и надминување на ветото за блокирање на ЕУ процесот, поради билатерални прашања.
Македонија
(Видео) Премиерот Ковачевски – домаќин на „Македонска вечер во Белград“: Гости од регионот и пошироко дегустираа македонски вина, храна и слушаа македонска музика

Синоќа во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград се одржа „Македонска вечер“, на којашто домаќин беше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација. „Ве поканувам заедно да ги дегустираме македоското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања“, рече премиерот Ковачевски. На „Македоската вечер“ присуствуваа бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Северна Македонија, медиуми.