Надворешна политика
Ковачев: Многу работи треба да се променат во Македонија пред таа да ги започне преговорите со ЕУ
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во интервју за порталот European Western Balkans порачува дека во Македонија треба да се променат многу работи пред таа да може да ги започне пристапните преговори со Европската унија (ЕУ).
Според Ковачев, во однос на политичката криза која неодамна беше надмината преку договор посредуван од страна на еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, Европскиот парламент (ЕП) и Европската комисија (ЕК) сериозно ги сфатиле проблемите на Македонија.
„Парламентот и Комисијата многу сериозно го сфатија проблемот со Македонија, пред три месеци Европарламентот усвои резолуција на извештајот од 2014-та година, подготвен од АФЕТ. Тажно е како македонската страна и медиумите контролирани од владата селективно ги читаат препораките и тие што не им одговараат ги кријат од јавноста. Слично како и со Србија, наследството од југословенскиот комунизам се уште може да се види на неколку нивоа во општеството – медиумите, политиката и економијата. Се додека македонското општество не најде начин да го надмине ова наследство, се сомневам дека ЕУ ќе стане реалност. Многу европратенции и членови на АФЕТ длабоко се ангажирани и ја следат состојбата во оваа земја. Состојбата се влошува секоја година. Владата на Никола Груевски е инкомпатибилна со вредностите на ЕУ, а многу од медиумите кои го критикуваа режимот на Груевски беа затворени, потоа опозициските лидери беа апсени под лажни обвинувања, потоа политичката корупција и политичките назначувања се присутни насекаде, а ова беше докажано преку 40-те „бомби“ кои беа објавени во јавност од страна на опозицискиот лидер Зоран Заев“, вели Ковачев во интервјуто за European Western Balkans.
Бугарскиот европратеник со доста критики за македонската влада, која според него, покрај проблемот за името со Грција, дополнитело направила проблем и преку одбивањето да го потпише договорот за добрососедство со Бугарија.
„Во билатералните односи, проблемот за името со Грција дополнително е вложен од страна на одбивањата на владата на Груевски да потпише договор за добрососедство со Бугарија. Владата ја користи историјата како алатка на пропагандата и ги дели луѓето. Оваа листа би можела да биде надополнета но се гледа дека многу работи во Македонија треба да бидат променети пред таа да го започне преговарачкиот процес со ЕУ и да се врати на патот на демократскиот развој. Мило ми е што денес, (15-ти јули), со посредство на ЕК и еврокомесарот Хан се постигна договор за надминување на политичката криза. Владата на Груевски „ќе ја поднесе својата формална оставка до парламентот во одредено време за да овозможи нова транзициска влада која ќе започне со работа на 15-ти јануари 2016-та година“. Неговата партија ќе номинира нов премиер кој ќе ја предводи транзициската влада а чии задачи ќе бидат „ограничени на организацијата на предвремени парламентарни избори“, кои ќе се одржат на 24-ти април 2016-та. Останува да се надеваме дека овој договор и фер избори во април 2016-та ќе ја вратат Македонија на патот на нормализација и европска интеграција“, смета Ковачев.
Во однос на европската иднина на регионот пак, Ковачев додава дека се самата ЕУ е еден резултат на мировен процес кој е потребно да продолжи за да им гарантира мир и слобода и на земјите од западен Балкан.
„Европската унија е резултат на мировниот процес кој започна во Втората светска војна и како таков треба да продолжу за исто така да им гарантира мир и слобода и на земјите од западен Балкан. Иако ќе нема конечни одлуки за проширувањето на Унијата во следните неколку години, тоа што на западен Балкан му се дава јасна шанса за пристапувањето во ЕУ е од огромно значење. Имплементацијата на демократската агенда и европската интеграција автоматски ќе отворат многу можности во инфраструктурата, трговијата, енергијата и безбедносните сектори. Самото усвојување на европските стандарди значи усвојување на демократијата и владеењето на правото, гарантирајќи безбедност и просперитет. Важно е за граѓаните да разберат дека интеграцијата е во интерес на самите нив и дека европскиот проект е проект за народот, а не за бирократите. Исто така преку усвојувањето на заедничките вредности е инструмент за да се надминат проблемите од минатото, лузните од национализмот и трагите од комунизмот“, додава Ковачев./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.