Контакт

Надворешна политика

Курц: Македонија не може сама во борбата со бегалската криза, проблемот е во Грција

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц во понеделникот во Сараево предупреди дека членките на Европската унија (ЕУ) немаат капацитет да примат толку голем број на бегалци како во 2015-та година, додавајќи исто така дека Македонија не може сама да го сноси товарот на големиот прилив на бегалци, при што клуч на проблемот тука е Грција.

Курц ги повикал сите држави кои се погодени од мигрантската криза на соработка, бидејќи доколку проблемот не се стави под контрола, тогаш би можело да дојде и до дестабилизација на западен Балкан, пренесува агенцијата Hina.

Австрискиот министер потенцирал дека бегалската криза е проблем за сите држави членки на ЕУ и дека тие мора да делуваат заеднички со западниот Балкан за да го спречат неконтролираниот прилив на економските мигранти.

„Мораме да го ограничиме приливот на бегалците. Минатата година во Австрија примивме 90 илјади бегалци, а оваа година не можеме да го сториме истото. Благодарни сме на соработката со земјите како што е Македонија, но нажалост од страна на Грција немаше поголемо поместување“, рекол Курц, додавајќи дека нереално е да се очекува дека Македонија може сама да се носи со еден толку голем проблем.

За грчката влада додал дека таа не е подготвена да ја прифати помошта од ЕУ во решавањето на мигрантската криза. Според него Грција е клуч на проблемот, бидејќи бегалците таму можат да бидат безбедни, а властите во Атина само ги префрлуваат во другите членки на ЕУ.

„Германија, Австрија и Шведска не можат бесконечно да примаат бегалци. Мора да ја сопреме неконтролираната миграција“, рекол Курц, појаснувајќи дека моменталната цел е да и се олесни на Македонија, бидејќи во спротивно проблемите би можеле да го зафатат целиот западен Балкан. Сараево е првата станица од регионалната посета на Курц, за време на која тој ќе ги посети балканските држави кои се погодени од мигрантската криза./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров: Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес ја претставуваше Република Северна Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот совет во формат на министри за надворешни работи. Состанокот, поради рестрикциите со пандемијата Ковид-19, се одржа преку видеоконференција.

Тој изрази благодарност до земјите членки за финализирањето на процесот на пристапување, овозможувајќи и’ на нашата земја по дведецениски подготовки, минатата недела и официјално да стане 30-та членка на алијансата.

Димитров го истакна значењето на членството на земјава во НАТО како заеднички успех во заложбите за регионалната и европската стабилност и заедничкото справување со глобалните предизвици.

„Ова не е само наш успех. Ова е успех и за сите наши партнери во евро-атлантската заедница чии вредности се демократијата, човековите права и владеењето на правото низ единство и солидарност. Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата“, порача Димитров.

Осврнувајќи се на главната тема на состанокот – пандемијата на вирусот Ковид-19, министерот Димитров ги истакна мерките на Владата за справување со овој глобален предизвик, при што ја подвлече потребата од придонес на алијансата по ова прашање во засегнатите земји членки. Потенцирајќи го принципот на солидарност врз кој се темели НАТО, заедничка беше констатацијата на министрите за потребата од преземање на итна и координирана акција за справување со кризата и ублажување на нејзините последици.

На состанокот беа разгледани и прашања во врска со Авганистан, пошироката област на Блискиот Исток и Северна Африка, како и за состојбите во Сирија. Притоа, министерот Димитров ја реафирмираше подготвеноста на нашата земја за натамошен придонес во приоритетните активности на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров првпат ќе ја претставува земјава на состанок на НАТО како полноправна членка

Објавено пред

По покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, првпат ќе ја претставува Република Северна Македонија како полноправна земја членка на НАТО на состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК) во формат на министри за надворешни работи.

Поради рестриктивните мерки воведени по пандемијата на коронавирусот, состанокот ќе се одржи преку електронски систем на видеоконференција.

По официјалното зачленување на Република Северна Македонија во НАТО на 27 март 2020 година и по церемониите на подигање на македонското знаме во седиштето и воените команди на НАТО, претстојниот состанок е прв работен настан на министерот Димитров, каде што активно ќе учествува во дискусијата по приоритетните прашања и активностите на алијансата.

Највисоко на агендата на утрешниот состанок ќе биде дискусијата за пандемијата на вирусот Ковид-19 во рамките на која се очекува министрите за надворешни работи да ги разгледаат можностите за преземање заеднички конкретни мерки и активности во справувањето со овој глобален предизвик.

Од другите теми ќе бидат опфатени прашањата во врска со состојбите и ангажманите на алијансата во Авганистан, пошироката област на Блискиот Исток и Северна Африка, а ќе бидат разгледани и можностите за конкретен придонес за подобрување на состојбите во Сирија.

Предвидено е министрите за надворешни работи да одобрат и неколку усогласени документи во врска со темите што се предмет на дискусија во рамките на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров телефонски разговараше со романскиот колега Ауреску

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, имаше телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску. За денес беше планирана посета на романскиот министер во Скопје, која се одложи поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот (Ковид-19).

За време на разговорот беa упатени честитки од романска страна, како и искажаната благодарност од македонска страна за континуираната поддршка од Романија за европската и евро-атлантската интеграција на Република Северна Македонија, долгогодишни процеси, кои во март беа крунисани со успех – полноправно членство на земјата во НАТО на 27 март 2020 година и донесената одлука на Советот за општи работи на ЕУ на 24 март 2020 година за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби предизвикани од глобалната пандемија и коронавирусот, предизвиците и можностите за поддршка, при што беше истакната потребата од солидарност и соработка, како и вклучување на Западен Балкан во ЕУ-одговорот при справување со кризата и последиците.

Воедно, министрите изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка, кои ги карактеризираат со отворен и конструктивен дијалог и заемно почитување. Истакнати беа заедничкиот интерес и заложбите за натамошен развој на севкупните односи и соработка, особено во сферата на економијата и во таа насока беа изразени и очекувањата во првиот можен иден период да се иницираат и реализираат билатералните посети и средби како потврда на овие заложби.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион42 минути

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп откако е потврдено дека еден 53-годишен маж е позитиен на коронавирус. Авганистанецот...

Македонија1 час

МТСП: Породилното отсуство се продолжува

Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување...

Македонија2 часа

Уапсени 12 лица во Куманово поради непочитување на полицискиот час

Во периодот од 21 часот на 03 април, петок, до 07 часот утринава, на подрачјето на Куманово регистрирани се 14...

Свет2 часа

Кина повеќе не е во првите пет земји во светот по бројот на заболени од коронавирус

Во светот бројот на заразени лица со коронавирус е 1.203.859, бројот на починати е околу 64.787, од ​​кои само 40.000...

Свет3 часа

Трамп: Следната недела ќе биде најтешка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека во неделата која следи бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата постојано ќе...

Македонија15 часа

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион15 часа

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа16 часа

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија17 часа

(Видео) Кога и како се носат маските за вистински да се заштитиме од коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“ објави видео на кое е прикажано како правилно се носат маските за вистински...

Македонија19 часа

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија21 час

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет21 час

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Свет23 часа

Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од...

Свет1 ден

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија1 ден

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет1 ден

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија1 ден

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет1 ден

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет1 ден

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија2 дена

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Досие