Надворешна политика
Македонија е единствената земја што не е членка на ЕУ, а прима мигранти од земја од ЕУ
Ситуацијата во која се наоѓа Македонија е поспецифична имајќи предвид дека се соочува со притисок од илегални мигранти на својата јужна граница, која е практично надворешна граница на Европската унија, порача шефот на делегацијата на Собранието на Македонија, Александар Николоски, во текот на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур, Франција, со кое претседава на дебатата за мигрантстката и бегалската криза.
На тематската дебата пратениците се фокусираа особено на потребата да се ревидираат политиките и прописите за азил во Европа и на предизвиците со кои се соочуваат земјите на транзит. Беше нагласено дека е неопходно да се ревидира, т.н. Регулатива од Даблин, според која државата одговорна за разгледување на барањето за азил е државата-членка преку која барателот на азил најпрво влегол во Европската унија. Системот од Даблин се покажа за неефикасен во ситуација на криза и создаде несразмерен товар на некои земји-членки на ЕУ. Европската унија беше повикана да обезбеди кохерентност во целокупната политика на миграции, вклучувајќи унапредување и почитување на човековите права и избегнување ставање акцент само на граничната контрола и безбедност. Беше изразена загриженост поради континуираните, веродостојни извештаи за незаконски „враќања назад“ на мигрантите и бегалците и кршењата на нивните човекови права. Сите земји-членки на Советот на Европа беа повикани да се воздржат од таквите постапки.Во името на најголемата политичката група застапена во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Николоски имаше можност да интервенира во дебатата за бегалската криза која ја става Европа пред уште еден тест на нејзиниот карактер, вредности и институционални капацитети.Николоски информираше дека ситуацијата во која се наоѓа Македонија е поспецифична имајќи предвид дека се соочува со притисок од илегални мигранти на својата јужна граница, која е практично надворешна граница на Европската унија. Тоа значи дека Република Македонија се соочува со криза која се прелева од земја-членка на Унијата, која е исто така член на Шенгенскиот договор. Поточно, соседната земја, Република Грција на организиран начин дневно превезува илјадници емигранти кон македонската граница. Тој ги нагласи и приоритетите на државата во овој контекст и тоа заштитата на животот и здравјето на мигрантите, и борбата против криумчарењето на мигрантите и трговијата со луѓе, заштита на националната и јавната безбедност, како и заштита на здравјето на луѓето.Николоски потсети дека Собранието го измени Законот за азил и привремена заштита, на тој начин, овозможувајќи им на мигрантите кои влегле во земјата да ја изразат намерата за барање азил, по што им се дава писмена потврда дека им се овозможува во рок од 72 часа да поднесат официјално барање за азил или да ја напуштат земјата. Николоски повика на заедничка европска солидарност и одговорност и распределба на бројот на пристигнати мигранти во сите земји на ЕУ. Тој истакна дека Македонија не е и не треба да биде жртва на неуспесите на ЕУ, главно од Грција, за да ги заштити надворешните граници на ЕУ и да се справи со миграцијата. На крајот потсети дека Македонија е единствената земја која не е членка на ЕУ, а која добива мигранти од земја-членка на ЕУ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.