Надворешна политика
Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ, политичката криза мора да се реши
Влегувањето во Европската унија (ЕУ) претставува најзначајната цел за Македонија и тоа ќе придонесе за поголема стабилност и подобра економија, порача шефот на дипломатијата Никола Попоски по повод 20-годишнината од воспоставувањето на односите на Македонија со Унијата и 9-ти мај, Денот на Европа.
Говорејќи на конференцијата „Република Македонија на патот кон ЕУ (2020) – Искуства, предизвици и перспективи“, организирана од страна на МАНУ, Попоски потенцираше дека еднаш штом земјата стане дел од ЕУ, „спорот со името, наметнатите препреки во делот на европско интегрирање, внатрешните политички конфронтации би биле релаксирани или непостоечки“.
„За неколкуте преостанати земји кандидати од Балканот, меѓу кои и Македонија, влезот во ЕУ се уште претставува најзначајна одредница која се надеваме дека можеме да ја оствариме во следниот период“, порача Попоски.
Според вицепремиерот за евроинтеграции Арбер Адеми, пак, Македонија нема друга алтернатива освен европската иднина, а во моментов во земјата се потребни „здрав разум и политички одговорни луѓе“.
„Нема друга алтернатива за нашата европска иднина, освен демократски, кредибилни избори и широко признати изборни резултати, функционални и демократски институции, натамошна агресивна имплементација на итните реформски приоритети, обезбедување на препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори, продлабочување на добрососедските односи и продолжување со проактивен и позитивен однос кон сите регионални иницијативи и воопшто регионалната соработка“, рече Адеми.
За претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити, за Македонија не постои развојна перспектива надвор од ЕУ, пред се поради големината на пазарот и географската припадност кој овој регион.
На конференцијата се обрати и евроамбасадорот Аиво Орав, кој порача дека политичката состојба во земјата мора веднаш да се реши и дека ЕУ постојано укажува на недостатоците кои треба да се отстранат во оние области кои се потребни за земјата да може потоа да го продолжи својот евроинтегративен процес.
„Состојбата мора да се реши веднаш. Ова особено се однесува на аболицијата на претседателот Иванов, како и со независноста на судството, условите за работа на СЈО и веродостојни избори. ЕУ постојано укажуваше на недостатоците што треба да се отстранат, како самоцензура, неизбалансирано известување и нетранспарентност во финансирањето на медиумите. Мора да се каже дека решавањето на овие проблеми бара пред се политичка волја од страна на политичките чинители. За жал, не е многу направено за решавање на овие проблеми. Некои од вас ќе речат „постојнава ситуација е резултат на блокирањето на земјата со години и дека странците се виновни за кризата“. Да, сите знаеме дека треба да се реши проблемот со името, но тоа не е оправдување за сериозните кршења на основните права и демократски начела“, порача Орав.
Американскиот амбасадор Џес Бејли ,пак, додаде дека САД ги поддржува евроинтеграциите на Македонија и дека тие заедно со ЕУ помагаат во решавањето на политичкиот конфликт во земјата и во достигнувањето на стандардите во владеењето на правото./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.