Надворешна политика
Македонија останува посветена на европската безбедносна соработка во централна и југоисточна Европа

Настаните во изминатите две години, мигрантскиот бран покажа дека земјите од Централна и Југоисточна Европа се меѓу зависни во поглед на безбедноста и затоа потребно е да бараме заеднички одговори на заедничките предизвици, порача министерот за одбрана Зоран Јолевски во понеделникот на министерскиот состанок на Централно европската одбранбена соработка и дел од земјите од Југоисточна Европа, кој се одржа во Австрија.
Пред министрите за одбрана на земјите-членки на Централно европската одбранбена соработка, како и Србија и Црна Гора, министерот посочи дека стратегиските цели на Република Македонија се членството во НАТО и во Европската унија, за што постои и силна јавна поддршка.
„Време е Европа стратегиски да размислува за безбедноста и стабилноста, и Македонија да биде што поскоро интегрирана во евроатлантските структури. Македонија ќе продолжи со спроведување на реформите во сите области и исполнувањето на политичките и економските критериуми, бидејќи тоа е подеднакво за граѓаните, но и за евроатлантските интеграции“, рече министерот Јолевски.
Информирајќи за придонесот на Република Македонија кон глобалната, европската и регионалната безбедност, Јолевски посочи дека државата е подготвена за ефикасна и практична билатерална и регионална одбранбена соработка на земјите од централна и југоисточна Европа.
Министерот Јолевски во делот на своето обраќање посветен на пред извиците од мигрантската криза укажана потребата од поблиска соработка. Во едно истакна дека постои „неопходност за сеопфатна стратегија и политикана ЕУ кон мигрантската криза, кон безбедносните предизвици, како и потреба од размена на информации, биометриска регистрација на сите мигранти, како и размена на овие податоци“.
Фактите говорат дека денес имаме помалку мигранти кои се движат кон Европската унија, отколку во 2015-та година, дека нема масовни групи на мигранти, но дека исторемено се интензивираа обидите за недозволен транзит, односно шверц на лица во мали групи. Во периодот од почетокот на годината до крајот на месец септември, рече министерот, спречени се околу 34 илјади илегални мигранти во обид за илегален влез на македонско-грчката граница.
Во тој контекст Јолевски се заблагодари за помошта од полициските службеници од Австрија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија и Србија, кои се распоредени на границата на Македонија. „Сите земји на т.н. ’балканска рута’ на мигрантите реагираа брзо и координирано. Во 2015 и 2016 година имавме многу интензивна комуникација, консултации и заеднички акции на билатерален и регионален план“, додаде министерот на состанокот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ќучук: Ако Мицкоски води кампања со став против Бугарија, тоа ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ

Доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, води кампања со став против Бугарија и вклучување на Бугарите во Уставот, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Ова го изјави за БТВ пратеникот на ДПС/АЛДЕ, Илхан Ќучук.
„Процесот на преговори меѓу ЕУ и Македонија сè уште не е почнат бидејќи има скрининг кој ќе одземе одредено време. Тоа го знаеме од бугарското искуство, од една и пол до две години треба да се дадат оценките за овој скрининг“, објасни Ќучук.
Тој потсети дека францускиот предлог за евроинтеграција на е предлог на ЕУ прифатен со консензус од сите земји членки. Освен тоа, тој ја нашол потребната политичка поддршка како во бугарското Народно собрание така и во македонското.
„Мораме да бараме можности како да продолжиме оттука, а несомнено ги има многу“, смета Ќучук.
„На постигнатиот компромис треба да гледаме како на можност. Сега доаѓа големата тема – како да излеземе од оваа криза. Не само што треба да се тргне од политичката реторика во Бугарија и во РСМ туку треба да се бараат потребните гаранции за да не влеземе повторно во оваа ситуација во која бевме порано“.
На крајот, треба да се погрижиме двата народа подобро да се запознаат, постојано велам дека не се познаваат добро. Треба да се фокусираме и на проблемите на Балканот – проблемите меѓу Србија и Косово, проблемите во Босна и Херцеговина. Го знаеме регионот“, додаде тој.
Орце Костов
Македонија
Тасевски во Албанија, во фокусот борбата против организираниот криминал и корупцијата

Денеска, делегација од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Македонија, предводена од директорот Сашо Тасевски, во придружба на заменик-директорот на БЈБ, Ариф Асани, помошник-директорот Оливер Лукароски и началникот на Секторот за меѓународна полициска соработка, Рефик Черими, оствари работна посета на полицијата на Република Албанија, каде што имаше средба со генералниот директор, мајор Гладис Нано. На официјалната средба меѓу двете делегации се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во борбата против организираниот криминал, корупцијата, перењето пари и тероризмот и борбата против трговијата со дрога.
Генералниот директор Нано посочи дека меѓусебната соработка на двете министерства е одлична како за оперативни прашања така и за други елементи на заедничката борба против криминалот, така што оваа средба само дополнително ќе ја продлабочи и зајакне. Меѓу другото, како области за натамошна соработка беа посочени борбата против тероризмот и перењето пари како еден важен показател за безбедноста на државите, а воедно генералниот директор Нано посочи дека борбата со трговијата со дрога била и останува главен приоритет за полицијата на Република Албанија. За таа цел, ги концентрираат и дополнително ги зајакнуваат логистички капацитети и човечки ресурси во пристаништето Драч, каде што има најмногу обиди за трговија со наркотици, кои доаѓаат од Латинска Америка. Друг приоритет за полицијата на Албанија, според Нано, е спречување и сузбивање на обидите за одгледување канабис, криминална активност што ги збогатува криминалните групи и поединци давајќи им моќен коруптивен инструмент.
„Оваа клима на соработка е клучен елемент за гарантирање на јавниот ред и безбедност во двете наши земји и исто така нè мотивира да работиме заедно уште повеќе на прашања како што се борбата против организираниот криминал и прекуграничниот криминал, кои се заеднички приоритети“, истакнал тој.
На крајот од средбата двете страни искажале уверување дека и во иднина соработката меѓу двете министерства ќе се интензивира во насока на заеднички оперативни и истражни дејства во делот на меѓународни прашања и борбата против тероризмот, борбата против организираниот криминал и перењето пари.
Делегацијата од Бирото за јавна безбедност го посети и специјалното одделение РЕНЕА, при што во нејзина чест беа презентирани современите методи и техники на работење и нивното специјално оружје.
Македонија
Димитров: Зачести употребата на терминот „северномакедонци“, мора редовно да се реагира на секоја погрешна употреба

Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
„ Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира. Со други зборови “Северна Македонија” е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува.
Затоа секоја употреба на терминот “северномакедонци” освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор. Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи. Тоа е недозволиво.
Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик.
Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот“ напиша Димитров на Фејсбук.