Надворешна политика
Македонија останува високо на агендата на Велика Британија
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во средата оствари средба со делегација на парламентот на Обединетото Кралство – Велика Британија и Северна Ирска, составена од пратениците Карен Ламли, Стјуард Ендру, Клајв Бетс и Џема Дојл кои се членови на Групата за соработка со Македонија, како и амбасадорот Чарлс Едмунд Гарет.
Соговорниците изразија задоволство од средбата, при што беше констатирано дека оваа посета претставува уште една потврда за добрите односи и искреното пријателство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство како и желба за натамошна соработка и поддршка.
Претседателот Вељаноски ја истакна досегашната одлична соработка и реализираните средби со официјални претставници од Обединетото Кралство. Притоа беше изразено задоволство од успешно реализираниот проект на Вестминстер фондацијата за демократија за „Зајакнување на парламентот и демократијата“.
На средбата стана збор за темите кои се од исклучителна важност за Македонија, членството во НАТО алијансата и интеграцијата во Европската унија. Вељаноски истакна дека постои сериозна подготвеност од страна на Македонија за побрзо членство и интеграција, особено поради тоа што истите би резултирале со поголем економски просперитет на државата и подобра општествена состојба на граѓаните. Исто така, Вељаноски изрази дека очекува и се надева на поддршка од страна на Обединетото Кралство имајќи го во предвид НАТО самитот кој ќе се оддржи во Велс во септември 2014 година.
На средбата стана збор за моменталното отсуство на опозицијата од Собранието, при што Вељаноски изрази волја за надминување на сите спорни прашања и искрена желба за нивно активно учество во работата на Собранието.
Госпоѓата Карен Ламли како претседавач на Групата за соработка со Македонија на Обединетото Кралство, Велика Британија и Северна Ирска изрази дека Македонија останува да биде високо на нивната агенда. Притоа беше искажано задоволство поради учеството на македонски армиски трупи во мировните опрации во Авганистан.
На средбата, исто така, стана збор и за фокусот и посветеноста кон економскиот развој на Македонија како и за подготвеноста и желбата за побрзо решавање на спорот за името./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.