Контакт

Надворешна политика

Милошоски: Грција ја користи ситуацијата дома како алиби за нерешавање на спорот за името

Објавено пред

Грција и овој пат ќе ја искористи сопствената внатрешна криза како алиби дека сега не е време за решавање на прашањето за името, вели во интервјуто за Прес24 поранешниот министер за надворешни работи, а сега пратеник, Антонио Милошоски.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Ако во нешто е мајстор, тогаш Грција е мајстор во создавање на изговори и теории на заговор. Овој пат очекувам како одлични изговори за одолговлекување на решението и на грчко-македонскиот спор и на кипарскиот проблем да бидат искористени грчката актуелна финансиска криза и политичката криза во најава. Имено, во август и септември грчкиот парламент треба да усвои дополнителен пакет на економски давачки кои ќе ги оптоварат граѓаните, треба да се отпуштат од работа околу 7.000 државни чиновници и треба да се намалат буџетските расходи, доколку Грција сака во октомври оваа година да добие уште една милијарда евра заем од Европската централна банка, што и е повеќе од потребна за социјалниот мир“, вели Милошоски.

 

Според него, Грција е незгоден партнер за преговори и земја што лукаво ја користи својата предност со членството во ЕУ и НАТО.

 

„Грција лесно создава билатерални проблеми, а тешко ги решава“, порачува екс министерот за надворешни, објаснувајќи ја надворешната политика на Грција.

 

Милошоски очекува нов предлог на Нимиц, кон крајот на годината, но само во функција на политичките состојби кои се случуваат, без каков било напредок. За засилената улога на Германија вели дека е добра, но изјавата на Меркел сама по себе не значи и решение.

 

„Берлин нема магично стапче со кое што овој 20 годишен спор би го решил за 20 дена, но на краток или среден рок има ресурси кои можат да бидат од голема помош за надминување на ова статус кво со Грција“, вели Милошоски во интервјуто за Прес24.

 

Милошоски коментирајќи ја изјавата на медијаторот за идентитетот, вели дека тоа е изјава на политичар со големо дипломатско искуство.

 

„Реалноста е следнава, македонската страна ниту преговара, ниту има намера да преговара за идентитетските обележја на македонскиот народ, јазик и култура. Но, грчката страна отсекогаш имала скриена цел спорот со уставното име да го искористи за модификација на македонскиот национален идентитет, идентитет кој и пречи на Атина заради нивната табу-тема поврзана со непризнавањето на македонското етничко малцинство во Грција. После дрската националистичка изјава на Самарас во Европскиот Парламент дека македонскиот јазик не постои, ваквата намера на Грција е и сосема разголена. На Нимиц овие околности му се јасни како бел ден, но сепак како дипломат, тој се обидува да бара некоја средна линија на движење во неговото посредување. Тоа на моменти, преку притисоците на Грција,  резултираше и со негови формални или неформални предлози кои предвидуваа модификации на македонскиот идентитетски код, но истите без двоумење беа отфрлени од македонска страна, вели Милошоски.

 

Во интервјуто одговара и на обвинувањата на опозицијата дека актуелната власт е таа која ги внела идентитетските прашања во преговорите со Грција.

 

„Некои опозиционери веројатно имаат кратко помнење, бидејќи човекот кој го измисли грчко-македонскиот спор, човекот кој во целата своја политичка кариера го оспорува македонскиот јазик и идентитет се вика Андонис Самарас и тоа го прави од 1992 година, кога ниту Груевски, ниту Милошоски, ниту Шеќеринска не биле дел од владата на Република Македонија. Затоа, тврдењата на некои опозиционери дека Грција ги наметнала преговорите за идентитетот од 2006та наваму имаат само за цел овој непринципиелен грчки став да го претстават како последица на, според СДСМ, погрешните политики на владата на Груевски кон Грција во овој период. Со ваквите тези СДСМ не постигнува ништо, освен што им помага на грчките дипломати во нивната работна задача да ја обвинуваат македонската влада за нерешавањето на спорот за името, вели Милошовски за Прес 24.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Нема докази дека уапсените за убиството на докторот се сторителите

Нема докази дека лицата кои беа приведени за убиството на докторот во Железара се сторителите. Од Обвинителството велат дека продолжуваат...

Регион4 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ4 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ6 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија6 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија8 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион9 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион9 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа9 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет9 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа10 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија22 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија24 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија1 ден

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....