Надворешна политика
Министрите Јолевски и Стропницки договорија воена соработка и размена на информации
Република Македонија и Чешка имаат интензивна и плодна соработка во областа на одбраната. Овие средби се одличен начин за размена на информации поврзани со актуелната безбедносна состојба во поширокиот регион и во Европа во однос на мигрантската криза која го зафати континентот, заклучија министрите за одбрана на Република Макеоднија и на Чешка, Зоран Јолевски и Мартин Стропницки на денешната средба во Министерството за одбрана.
„На средбата со мојот колега, министерот Стропницки се договоривме двете земји да продолжат да соработуваат и да разменуваат информации“, информираше министерот Јолевски. Мојот колега, додаде министерот, изрази задоволство од тоа како Република Македонија се справи со мигрантската криза и посочи дека можеме да сметаме на нивна поддршка и во иднина. Воедно министерот Јолевски посочи дека одблиску се следи состојбата и дека се развиваат соодветни стратегии кои ќе се стават во функција во зависност од развојот на состојбата со мигрантската криза.Во однос на тоа, министерот Стропницки додаде дека е јасно дека Македонија е во комплицирана ситуација во однос на мигрантската криза и дека игра исклучително значајна улога. „Ние нема да ја оставиме Македонија сама во овој процес и доколку се појави нова ситуација ние сме подготвени да помогнеме“, рече Стропницки.Министрите Јолевски и Стропницки разговараа и за евроатлантските интегративни процеси, при што министерот Јолевски истакна дека Македонија останува на своите стратегиски цели и на реформските зафати кои, порача, се добри и за Македонија во континуираните напори да има силна армија, но добри се и за процесот на стекнување полноправно членство во НАТО. Од Чешкиот министер, Република Македонија доби силна и недвосмислена поддршка за членство во Алијансата, додавајќи дека Чешка секогаш го промовира пристапот на пријателските земји кон НАТО и Европската Унија.Инаку, на средбата помеѓу двајцата министри договорена беше и интензивна соработка во областа на военото образование и меѓусебно доделување стипендии за питомците на Воената академија во Македонија и на одбранбениот универзитет во Чешка, а помеѓу двете делегации беше потпишан и Планот за билатерална соработка за 2017 година. /крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.