Надворешна политика
Могерини и Хан повикаа на почитување на договорот за надминување на кризата во Македонија
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ), Федерика Могерини, заедно со еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, ги повикаа македонските политички лидери да го почитуваат договорот од 2-ри јуни за надминување на политичката криза во Македонија.
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ), Федерика Могерини, заедно со еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, ги повикаа македонските политички лидери да го почитуваат договорот од 2-ри јуни за надминување на политичката криза во Македонија.
Главните теми на кои разговарале вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Могерини биле европските интеграции и политичката криза во Македонија и импликациите врз процесот на европска интеграција.
„Тоа што е важно и пораките што ги добив се слични како и на вчерашните средби. Тоа се барањата за политичкиот дијалог да продолжи и да се почитува постигнатиот договор од 2-ри јуни, со цел политичките партии да ги стават државните интереси над партиските интереси за да може да се реализираат реформите. Значи, политички дијалог, почитување на договорот постигнат на 2-ри јуни и реформите што се потребни за Република Македонија, односно ургентните приоритети за реформи за земјата за членство во Европската унија“, изјавил Бесими, пренесува МИА.
Бесими додал дека идната недела во Советот на ЕУ ќе има дискусии за Македонија и со голема загриженост Брисел ќе ја следи состојбата во нашата држава.
„Тие очекуваат политичките лидери да покажат политичка зрелост и подготвеност за изнаоѓање решенија за имплементација на тоа што е постигнато како договор во Скопје“, додал Бесими.
„Во оваа насока ќе биде и дискусијата на Советот на Унијата наредната недела. Таму, секако ќе дискутираат и министрите на земјите-членки на ЕУ и како ќе биде понатаму врз основа на дискусијата, тоа останува да се види наредната недела. Но, ќе повторам, главните пораки беа политички дијалог, реформи за Европска унија и ставање на државните над партиските интереси“, изјавил Бесими.
Запрашан дали со Могерини разговарал и за најавите дека идната недела, четворицата политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети повторно ќе дојдат на разговори во Брисел и дека сега покрај Хан во разговорите ќе се приклучи и Могерини, Бесими изјавил дека ова не било тема на дискусија.
Портпаролката на еврокомесарот Хан , Маја Коцијанчич пак изјавила дека Могерини на средбата со Бесими јасно го изразила очекувањето на Европската унија дека интересот на земјата и нејзините граѓани ќе се стави над партиските интереси во овие тешки времиња и дека не треба да се штедат напорите за да се најде траен политички компромис, изграден врз основа на договорот од 2-ри јуни годинава./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.