Надворешна политика
НГШ Методија Величковски се сретна со командантот на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан
Воената делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, во главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан, оствари официјална средба со командантот на мисијата, генерал Џон Николсон,
На состанокот во Кабул посебен осврт се даде на учеството на македонскиот контингент во мисијата, при што од генерал Николсон е истакнат високиот професионализам на припадниците на АРМ, покажаните знаења и вештини при извршување на поставените задачи на позициите на кои се распоредени. Помеѓу останатото на средбата се разговарало за актуелната безбедносна состојба во Авганистан, тековните и понатамошни планирани активности на мисијата „Одлучна поддршка“.Покрај средбата со командантот на „Одлучна поддршка“ генералот Величковски ќе оствари средба и со одговорните старешини во командата за обука советување и асистенција на главниот град (КОСАГГ) во чиј состав се наоѓаат тринаесет старешини на АРМ кои извршуваат штабни должности.Претходно, воената делегација се сретна со припадниците на македонскиот контингент, со кои во текот на утрешниот ден заеднички ќе го прослават македонскиот државен празник „Илинден“, што претставува своевидна поддршка на нашите мировници во нивниот придонес за градење на сликата за Република Македонија како активен контрибутор на мирот и безбедноста во глобални рамки.Во овој момент, во рамки на мисијата „Одлучна Поддршка, АРМ учествува со 39 припадници од кои тринаесет старешини ги извршуваат доделените должности во состав на КОСАГГ, дваесет припадници на АРМ учествуваат во сили за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“ во Кабул и шест старешини во командата за обука советување и асистенција север. Во изминатиот период од 14 години, АРМ е дел од најголемата воена коaлиција во која учествува со над 2800 свои припадници, кои во крајно сложени услови, го прикажуваат придонесот на Република Македонија во изградбата на мирот, демократијата и безбедноста на Авганистан. Легитимитетот, признанието и потврдата на сигурен, доверлив, обучен, но пред сè рамноправен партнер на НАТО, го стекнавме со демонстрација на висока посветеност кон извршување на поставените задачи. Научените лекции од учеството во ИСАФ, во голем обем наоѓаат широка примена и во сегашната мировна мисија „Одлучна Поддршка“.Армијата на Република Македонија е горда со своите припадници, кои во овој период не се само чувари на суверенитетот на Република Македонија, туку во исто време се и нејзини амбасадори на мирот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.