Надворешна политика
Нова динамика во евроинтеграциите преку почеток на пристапните преговори
Македонија мора да добие нова динамика во своите евроинтеграции, а ова може да биде постигнато само преку започнување на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ), порача во четвртокот во Скопје новиот известувач за Македонија при Европскиот парламент (ЕП) и словенечки европратеник, Иво Вајгл.
Вајгл оваа улога ја презема од досегашниот известувач, Британецот Ричард Ховит, кој во претстојниот период ќе ја има улогата на известувач „во сенка“ за земјата. Според Вајгл, шесте препораки на Европската комисија (ЕК) му даваат кредибилитет на фактот што Македонија мора веднаш да ги започне пристапните преговори.
„Првата порака што веќе ја испратив минатата седница на конференцијата на шесте министри од западен Балкан во ЕП е дека не сметам дека има причина да не се започне со преговорите со Македонија. Неприфатливо е тоа што ЕК препорача шест последователни пати да започнат преговорите и ништо не се случи. Мислам дека Македонија треба да започне со преговори и да види како да се разреши таканареченото прашање за името, во духот на тоа Македонија да биде во подобра позиција отколку што е сега. Секогаш кога еден е во привилигирана позиција а другиот е потчинет, е лошо, бидејќи првиот ги диктира правилата на играта. Апсолутно е неопходно да се засили Македонија во својот пат кон ЕУ, на граѓаните да им се даде причина да веруваат дека ова е вистинска перспектива, како и да се даде пораката до другата страна дека другите држави што се вклучени во различни спорови да бидат толерантни и да дозволат чекор напред“, порача Словенецот Вајгл.
Словенечкиот европратеник верува дека она што треба да се направи во моментов во поглед на македонските евроинтеграции е да им се даде нова динамика.
„Можам само да потврдам дека проблемот полесно се решава кога има динамика и мора да се создаде нова динамика во дискусијата за името. Мислам дека и разумната политика на Грција требаше да диктира отвореност за решавање на овој проблем, а не зацврствуање на позициите. Ние, како ЕУ, треба да помогнеме да се создаде таква динамика а таква динамика би се создала само преку отворање на преговорите и на некои поглавја. Што се однесува до демократичноста внатре во ЕУ, демократијата е секогаш доста релативна работа, и дури понекогаш во ЕП јас како претставник на помала земја се чувствувам помалку рамноправен од оние кои се од големите земји“, смета Вајгл.
Досегашниот известувач за Македонија во ЕП, Ричард Ховит, пак, порача дека има доверба во својот наследник и дека заеднички ќе ги направат сите напори за да се забележат достигнувањата на земјата.
„Поддршката од ЕП ќе продолжи, како и активизмот во насока на тоа оваа земја да напредува. Иво Вајгл ужива доверба во оваа земја, тој е посветен и има ентузијазам, тој е човек што има големо познавање и верувам дека во Брисел ќе ги покаже сите свои вештини за преговарањето на позициите што луѓето во оваа земја би сакале да ги видат. Сакаме да покажеме дека постои контиунитет и да не ги изгубиме постигнувањата што веќе сме ги постигнале“, заклучи британскиот европратеник./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.