Надворешна политика
Јолевски: Македонија и Србија имаат одлична соработка во областа на одбраната
Македонија и Србија се две соседни исклучително пријателски земји кои соработуваат и се поддржуваат во сите области, вклучувајќи ја и одбраната. Потврда за тоа е и одличната билатерална комуникација и отворениот и конструктивен дијалог за прашања од заеднички интерес, истакна во среда министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој престојува во официјална посета на Република Србија.
По средбата со неговиот колега, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, Јолевски посочил дека оваа посета, освен што е насочена кон генерално унапредување на соработката со Србија, таа дава и можност за конкретизирање на проектите и темите на кои ќе работиме во иднина.
Во рамките на официјалната посета, министерот Јолевски оствари средба и со претседателот на Комисијата за одбрана и внатрешни работи во српскиот Парламент, Марија Обрадовиќ, а ги посети и Воената и Военомедицинската академија, соопшти Министерството за одбрана.
„За нас од големо значење е развојот на процесот на едукација и тренинг, кој е еден од основите на секоја Армија. Токму затоа во рамки на оваа посета имам можност да се запознаам со капацитетите на Воената академија и на добропознатата и високо реномирана Военомедицинска академија, кои се импресивни“, рече министерот Јолевски.
Двете земји тесно соработуваат и во рамките на регионалните иницијативи, од каде произлезе и проектот за Балкански медицински сили, чиј центар ќе биде во Скопје.
Дополнително, се вели во соопштението, како можна опција за соработка бил споменат Центар за обука на пилоти кој функционира во Република Македонија и размената на искуства од учествата во мировните мисии на Обединетите Нации, имајќи ја предвид позицијата на Србија како еден од најголемите регионални придонесувачи кон мисиите на ООН.
Министерот за одбрана на Србија, Гашиќ, изјавил дека двете земји имаат високо ниво на соработка која се карактеризира со голем процент на реализирани активности. Тој истакнал дека постои голем потенцијал за развој особено во контекст на размената на искуства, во мировни мисии, центрите во двете земји и можностите за развој на капацитети за реакција во случај на природни непогоди.
На средбата во парламентот на Србија, министерот Јолевски и претседателката на Комисијата за безбедност, Обрадовиќ, разговарале за начините на унапредување на соработката во одбраната, имајќи ги предвид одговорностите и обврските на националните парламенти. Тие се согласиле дека постои потреба од унапредување и интензивирање на парламентарната соработка во ова поле, како основа за интензивирање на соработката помеѓу двете земји, воопшто.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.