Надворешна политика
Поинтензивен циклус на ЕУ-ИПА институциионални посети во пресрет на Извештајот на ЕК
Секретаријатот за европски прашања, во пресрет на есенскиот Извештај на Европската комисија, спроведува поинтензивен циклус на ЕУ/ИПА институционални посети, со цел следење на динамиката и интензивирање на активностите во врска со истиот.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, заедно со секторите задолжени за прашања од доменот на ИПА и ЕУ, одржа работен состанок со министерот за информатичко општество Иво Ивановски и претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, како дел од циклусот на посети „ЕУ – ИПА Институционална координација“.
На средбата посебен акцент се стави на разгледувањето на статусот на реализација на активностите од Националната Програма за Усвојување на Правото на Европската унија (НПАА) и Акцискиот План за пристапување на Република Македонија во Европската унија во пресрет на есенскиот Извештај на Европската комисија.
Двајцата соговорници дискутираа за политичките критериуми, т.е за Слободата на изразување/ слобода на медиумите, за Реформите на јавната администрација, за Поглавјето 3.10. Информатичко општество и медиуми, како и за Надградбата на системот за Интероперабилност за поврзување на државните институции.
На состанокот се дискутираше за досегашното користење на ИПА фондовите во секторот на информатичкото општество и јавната администрација и предизвиците во реализацијата на проектите/програмите, плановите за користење на идната ИПА во периодот 2014-2020 година, како и разгледување на активностите за подобрување на успешноста, ефикасноста и ефективноста во користењето на ИПА.
Во областа на Реформа на јавна администрација со поддршка на Европската унија преку Инструментот за пред пристапна помош (ИПА), се обезбедува значителен придонес за институционално зајакнување. Министерството за информатичко опшество и администрација уште од самото воспоставување на овој инструмент од страна на Европската комисија искористува средства за имплементација на проекти значајни во реформата на јавната администрација. Имено во рамки на ИПА 1 во периодот од 2007 до 2013 година подготвени се вкупно 10 проекти во вкупен износ од околу 9.4 милиони евра.
Серијата работни посети „ЕУ – ИПА Институционална Координација” вицепремиерот Бесими ќе продолжи да ја реализира во наредниот период со сите институции корисници на ИПА фондови и имплементатори на НПАА, со цел непосредно информирање за сите аспекти од користењето на ИПА, имајќи ги предвид прашањата на програмирање, техничко спроведување, мониторинг, известување, исполнување на предуслови за успешно спроведување на проектите/програмите, како и аспекти на системот на управување, институционален и административен капацитет, почитување на процедурите за користење на овие средства, функционирање на координативни механизми, како и разгледување на статусот на реализација на активностите предвидени во НПАА./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.