Контакт

Надворешна политика

Попоски: Членството во ЕУ останува основен национален приоритет

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, во четврток имаше обраќање пред пратениците на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Се осврна на најзначајните активности на полето на надворешната политика во 2015 година: процесот на европското и евроатлантско интегрирање, односите со државите од соседството и пошироко во светот, економската и јавната дипломатија, грижата за македонските граѓани и интереси во странство, како и други значајни активности на Министерството. Информираше и за успешното претседавање со Централно-европската иницијатива.

„Членството во ЕУостанува основен национален приоритет. Дијалогот се одвива во континуитет што е од значење во насока на одржливост на процесот,” истакна министерот Попоски. Тој се осврна и на значењето на овогодишната препорака на ЕК за отпочнување на пристапни преговори.  

„По седми пат, и оваа година, Европската комисија даде препорака за почеток на преговори со Унијата, што е од значење за зачувување на моментумот и фокусот врз реформскиот процес. Спроведувањето на преостанатите обврски од политичкиот договор, реформскиот процес и спроведувањето на изборите во април 2016 се наша заедничка обврска. Ние мораме да испорачаме и  да ги лишиме од изговори сите оние што ја доведуваат во прашање нашата подготвеност за почеток на пристапните преговори. Сметаме дека е од взаемен интерес, Унијата на пролет да ги иницира пристапните преговори.  На тој начин,  кредибилитетот на политиката за проширување ќе се зајакне”, истакна МНР Попоски.

 “Континуираниот политички и општествен консензус за членство на Македонија во Алијансата и понатаму претставува генератор за нашите евро-атлантски аспирации. Пресудата на Меѓународниот суд на правдата останува силен аргумент од правен аспект“, заклучи МНР Попоски.

Република Македонија и во текот на 2015 настојуваше да развива добрососедски односи со сите соседи и да ја унапредува регионалната соработката вклучително во рамките на регионалните организации и иницијативи во кои партиципира.

 „Успевме да оствариме дополнителен визибилитет во регионални рамки, пред сè преку успешното претседавање со Централно-европската иницијатива како најстара организација од регионот, со изразена евро-интегративна димензија”, истакна МНР Попоски. 

Реферирајќи на односите со соседните држави, истакна дека односите со Србија, Албанија и Косово и во 2015 бележат позитивен тренд заснован врз споделување на европските вредности и интегративни заложби. Подвлече дека сме посветени на натамошното унапредување на односите со Бугарија со која имаме сестрана соработка, вклучително и преку  постигнување финален исчекор кон  склучување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Зборувајќи за односите со Грција, упати на заложбите за унапредување на дијалогот и соработката преку развивање на клима на меѓусебна доверба. Констатираше дека односите бележат извесен позитивен тренд.

„Не е реално да креираме очекувања дека позитивниот тренд на соработка и комуникација може преку ноќ да го реши наметнатиот спор кој нè оптоварува над две децении. Од наша страна ќе бидеме ангажирани за негово надминување. Притоа ќе се водиме од добро познатите ставови и интереси на Р. Македонија, кои се засновани на европските вредности за недискриминација, почитување на демократските стандарди, како и меѓународните правни норми. Во секој случај, ќе работиме на соработка со јужниот сосед бидејќи е тоа наш стратешки интерес“.

 Тој се осврна и на билатералните односи со европските и воневропските држави, со дел од кои беше соодветно одбележана 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи. Остварени се голем број посети и средби на разни нивоа со политичка, но и економска димензија, усогласени низа проекти, потпишани договори и проектирани идни активности, со цел интензивирање на соработката и пријателството.  

 Во рамките на мултилатералните ангажмани, министерот Попоски истакна дека Р. Македонија активно придонесува врз процесите во мултилатералната арена. Тоа, меѓудругото, го аргументираше сочленството и активното учество во Советот за човекови права во Женева,  Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, како и во Извршниот одбор на УНЕСКО. Во своето обраќање се осврна и на соработката со ОБСЕ. Говорејќи за престојните избори во април 2016 година, тој заклучи “ОБСЕ има експертиза која може да биде корисна за зголемување на довербата и одржување фер и демократски избори. Тоа ќе биде од помош за отстранување на креирани предизвици поради недоверба.“  Информираше дека согласно првичните најави изборите ќе ги набљудуваат најмалку 300 меѓународни набљудувачи.

Во продолжение, се задржа на економската дипломатија како важен аспект во процесот на привлекување странски инвестиции и промоција на РМ како атрактивна туристичка дестинација.  Упати на проактивниот ангажман во оваа сфера, преку кој македонската дипломатија има придонесено во реализацијата на околу дваесетина проекти поврзани со директните странски инвестиции.

 Министерот Попоски информираше за остварените активности и идни планови во неколку важни сектори на МНР, и како такви ги издвои: јавната дипломатија, дипломатската академија и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика.

Информираше за активностите за зајакнување на комуникацијата и збогатување на содржините во соработката со припадниците на македонските национални заедници во соседните држави и воопшто, припадниците на дијаспората во светот.

 Во делот на конзуларната надлежност на Министерството, акцент беше ставен на активностите за заштитата на интересите на македонските државјани во странство. /крај/со/ст

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија5 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија5 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија6 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија6 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија7 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија8 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија8 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија8 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија9 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија9 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија9 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија9 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија10 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија10 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија12 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија14 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија15 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....