Надворешна политика
Попоски: ЕК очекува од Македонија спроведување успешни избори
Министерот за надворешни работи Никола Попоски во понеделникот оствари средби со претставници на Европската комисија (ЕК), вклучително и со генералниот директор на директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, со кого разговараа за европските перспективи, реформските приоритети, подготовките за изборниот процес, и во овој контекст идните чекори на ЕК.
Соговорниците се согласија дека изборите на 5-ти јуни се од полза за затворање на политичката криза и придвижување на ЕУ агендата во преден план.
„Разговараме околу актуелната состојба, подготовката на изборниот процес и во овој дел очекувањата на ЕК се дека можеме да се надеваме на спроведување на успешни избори на 5-ти јуни со што ќе се отворат вратите за излегување од оној циклус на политичка криза и на определен начин да се отвори вратата за отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ. За нас најзначајно ќе биде адресирањето на обврските кои се поврзани со организацијата и клучните реформски приоритети наведени во претходниот извештај на ЕК. Од другата страна, очекувањата и притисокот ќе биде на земјите членки кои не можат да остават уште еден подолг временски период на недостаток на преговори на Македонија за влез во ЕУ, како што беше во изминатите 7 години“, изјави Попоски по средбата со Даниелсон.
Според шефот на македонската дипломатијата, очекувањата на ЕК најмногу се насочени во градењето на оценката за фер клима во делот на прочистувањето на избирачкот список, каде има активности и главниот збор го имаат ДИК и МВР.
„Во вториот дел е медиумската атмосфера, каде и од ЕК имаат забележано дека има придвижувања во вистинска насока и очекуваме дека во следниот период со стапувањето на сила на изборниот законик ќе можеме да ги испочитуваме оние правила кои претходно беа договорени од сите позначајни политички субјекти во државата“, изјави министерот.
„Во делот на политичкиот договор кој беше постигнат од најголемите политички партии, значаен дел се изборите а во делот на подготовката на изборите голем број на работи се исполнети и остануваме на завршната фаза на прочистувањето на списокот и оние одговорности кои подлежат под ДИК и МВР. Во другиот дел на исполнувањето, односно реформските цели, имаме повеќе законски текстови кои беа прифатени, вклучително и организацијата на владата со што чиста е ситуацијата околу создавањето на услови за одржување на избори и потоа спроведување на останатите реформски приоритети потребни за водење на преговори со ЕУ“, заклучи шефот на дипломатијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.